Географија на Обединетото Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски координати :

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е островска држава во северозападна Европа.

Граници[уреди]

Вкупната површина на земјата изнесува 244,820 km² , и според тоа се наоѓа на 70 место по големина во светот.

Главниот град Лондон е најголемиот во државата со околу 7 500 000 жители.

Население[уреди]

Според пописот, вкупното население во Обединетото Кралство е oколу 59,834,300 жители. Густината на населеноста е 246.5/km² жители на квадратен километар.

Клима[уреди]

Климата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната хемисфера на истата латитуда, поради западните ветрови и топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот. Tаа има атлантска клима. Зимите се магливи, а летата се свежи и врнежливи. Западните ветрови од океаните носат големи количества влага. Затоа дождовите се редовни и чести во текот на годината. Северна Ирска има приморска клима, Англија има умерена клима – благи зими и ладни лета. Во Шкотска според ладната клима, југозападните ветрови кои настануваат при делување на голфската струја, ја прават климата потопла отколку што треба да биде толку северно. Климата во Велс е под влиание на планините и на блиското море затоа зимите се благи а летата свежи. Регионите со високи планини имаат ладни зими со многу снег.

Најпознати реки во Велика Британија се Темза, Клајд. Гамбер и Цеверн. За време на прилив нивото на реките се издига. Пример со реката темза.за време на приливот лондон е пристанишен град.

Освен копнената граница со Република Ирска, Велика Британија е опкружена со вода. Јужно од Англија измеѓу Велика Британија и Франција се наоѓа Англискиот канал или Ла Манш испод кој се наоѓа тунел кој ги спојува Велика Британија и Франција. На исток е Северно море, западно од Велс се наоѓа Ирско море, додека Шкотска и северозападната област на Северна Ирска излегуваат на Атлански океан.

Вкупната површина на Велика Британија изнесува околу 244,820 km2 , должината на областа изнесува 8,257 km, а копнената граница 360 km. Велика Британија има околу 125km. Надморска височина.