Географија на Албанија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Географски координати41°50′С, 22°00′И

Содржина

[уреди] Мстоположба

Албанија е држава која се наоѓа во југоисточниот дел на Балканскиот полуостров во југоисточна Европа. На нејзината западна страна се наоѓа Јадранското море и Јонското море. Протокот Отранто, ја дели Албанија од Италија.

[уреди] Граници

Албанија на северозапад се граничи со Црна Гора, Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Целата должина на земјишната граница на Албанија изнесува 717 км од кој 282 км со Грција, 151 км со Македонија, 112 км со Косово 172 км со Црна Гора. Крајбрежјето е долго 365 км.

Плоштината на Албанија изнесува 28,748 квадратни метри, и според неа се наоѓа на 139 место во светот. Врз поголемиот дел од територијата на Албанија се простираат планини, дел од Динарските планини. Највисокиот врв е Кораб кој се наоѓа на планината Кораб по границата со Република Македонија со висина од 2,754 m.

[уреди] Население

Бројот на жители во Албанија изнесува 3 619 778 души според пописот на населението од 2008 година и според истото се наоѓа на 130 место по бројот на население во светот. Историски, државата е разделена на Северна Албанија и Јужна Албанија. Како граница помеѓу северот и југот се смета реката Шкумбини.

[уреди] Клима

Под влијание на најразлични фактори, климата во Албанија е разнообразна. На запад, по јадранското крајбрежје таа е средоземноморска, на исток умерено континентална клима. Летата се одликуваат со средна јулска температура од 25 °C, а зимата со средна температура до 9 °C

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици