Кораб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кораб
KorabMountain2.jpg
Планината Кораб, поглед кон врвовите Рибничка Скала и Кабаш
Надм. вис. 2764 м [1]
Истакнатост 2169 м[1]
Заведена како највисок во земјата, ултра
Местоположба
Кораб се наоѓа во Албанија
Кораб

Местоположба на планината на македонско-албанската граница
Место Македонија Македонија
 Албанија
Венец Кораб
Координати 41°47′25″ СГШ 20°32′48″ ИГД / 

Корабпланина во Западна Македонија, на границата со Албанија.[2] На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во Р. Македонија — Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. При изработката на дигиталната географска карта на Република Македонија од страна на јапонски експерти е утврдено дека Голем Кораб е повисок, па според премерувањата тој е повисок за 88 метри, но тоа сѐ уште не е официјално потврдено.

Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на РМ.

Поради уникатните природни карактеристики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.

Врвови[уреди]

По Голем Кораб, планината Кораб има повеќе врвови преку 2000 метри надморска височина. Меѓу врвовите кои се доста непроодни најзначајни се:

Поглед на Кораб

Овие врвови се случајно раздвоени преку тектонски движења кои прават форми на блокови што завршуваат со долината на реката Радика. Овие блокови под дејство на ледничката ерозија имаат направено дупки кои достигнуваат и до 500m длабочина. Најмаркантен пример за таков вид на ерозија претставува горниот тек на Длабока Река каде е формиран и истоимениот познат кањон со речиси вертикални страни и остри ивици меѓу кои се наоѓаат голем број водопади, посебно од страната на Кобилино Поле.

Поглед на Кораб од албанска страна

На Кораб има и неколку висорамнини меѓу кои се истакнуваат Кобилино Поле на македонската и Радомирско Поле на албанската страна.

Иако релативно тешко прооден, на масивот на Кораб постојат неколку превои (во близина на истоимените врвови) кои се користат од страна на локалното население и планинарите. Најпознати се:

Необично забележливи се алпските предели на Кабаш, Рибничка Скала, Мал Кораб, Радомирски Врв и неколку други тешко проодни врвови. Во највисокиот дел, над 2000 m, климата е алпска и вклучува елементи од алпската флора. Според мислењето на голем број научници, Кораб е најубавиот планински релјеф во Македонија и пошироко.

Реки[уреди]

Општа карактеристика за масивот на Кораб е богатството на површински водотеци - реки и потоци кои по напуштањето на планинското подрачје се влеваат во Радика и Црн Дрим. Тие имаат брзи текови, наизменично низ кањони и долини, често формирајќи брзаци и водопади. Најголеми и најпознати реки се:

Рибничка Река носи најголемо количество вода од падините на Кораб и по пренасочувањето на горниот тек на Радика за потребите на мавровскиот хидросистем, нејзините води најмногу придонесуваат за одржување на реката Радика во нејзиниот среден и долен тек. Извира на околу 2300m надморска височина помеѓу Дерза и Цигански Премин.

Највисок изворишен дел, кој достига и до 2500m надморска височина има Длабока Река. Воедно нејзиниот тек заедно со Габровска Река и другите помали притоки е и најатрактивен бидејќи формира три кањони и многубројни брзаци и водопади.

Водопади[уреди]

Корабскиот водопад на Длабока Река или водопадот на Длабока Река е највисок водопад во Македонија, а воедно и на Балканот со висина од над 130 метри (136 метри, ако се смета и висината на слапот во подножјето). Се јавува на вертикална карпа која е продолжение на стрмната источна страна на врвот Мал Кораб. Формиран е како последица на истекувањето на огромниот ледник кој го продлабочил горното корито на Длабока Река, пресекувајќи ја карпата на неговиот пат.

Водопадот јасно може да се види од далечина само во пролетните месеци и во почетокот на летото додека се топи снегот, кога количеството на вода е поголемо. Зимно време е комплетно замрзнат, а во доцните летни месеци и почетокот на есента останува да се полни со водата од неколкуте мали извори кои се наоѓаат веднаш под врвот Мал Кораб и во близина на Мало Корабско Езеро - количина на вода која поради големата вертикала можа да се забележи само од непосредна близина, но не и од далеку при што изгледа како да е пресушен. Поради непристапниот терен и краткиот временски интервал во кој што може да се посети, многу малку луѓе имаат можност да го видат во својот полн сјај. Најдобар период за посета е месецот јуни кога снегот нема да претставува голема пречка за да се стигне до водопадот, а и поради топењето на преостанатиот снег количеството на вода е релативно големо.

Во горниот тек на Длабока Река се сретнуваат и повеќе пониски водопади од нејзината лева страна, кои се формираат од нејзините притоки што извираат од Кобилино Поле. Но иако помалку забележителни од големиот водопад, тие имаат поголема количина на вода и се посебно атрактивни кога ќе се погледнат од реонот на врвовите Кабаш и Рибничка Скала, при што се добива впечаток како цело Кобилино Поле да се „цеди“ во Длабока Река.

Скриен во горниот кањон на Длабока Река, на најтесниот дел помеѓу сртовите на Рибничка Скала (од десната страна) и Шило и Пирк (од левата страна) се наоѓа уште еден импресивен водопад до кој е особено тешко да се стигне поради непристапниот терен во самиот кањон, неретко попречен од паднати лавини. Меѓутоа овој водопад ги надминува сите во сливот на Длабока Река според количеството на вода и како резултат на тоа при падот формира „воден лонец“ со голема длабочина.

Водопади се сретнуваат и на останатите реки и потоци на падините на Кораб, посебно во горните текови на Рибничка Река и Циганска Река, како и во подножјето на врвот Црн Камен (Врбјани), каде се забележуваат двата повремени водопади на Обесенавода, во непосредна близина на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар.

Езера[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Корапски езера.

На македонска територија Кораб има 8 постојани и десетина повремени леднички езера, додека нешто помал број има на албанската страна. Попознати од нив се:

Најпознато е секако Големо Корапско Езеро, кое се наоѓа на 2500m надморска височина веднаш под самиот врв Голем Кораб, поради фактот што претставува највисоко ледничко езеро, како и највисока водена површина во Македонија воопшто.

По површина убедливо најголемо е Грамското Езеро на албанската страна. На таа страна езерата се многу поголеми отколку на македонската, но тие езера лежат и на помала надморска височина во однос на оние на македноската страна.

Најголема концентрација на овие остатоци од некогашното ледено доба има на триаголникот помеѓу Шуплив Камен, Бабин Камен и Високо Брдо, како и на Кобилино Поле, од кои истекуваат притоките на Рибничка Река и Длабока Река.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 http://peaklist.org/WWlists/ultras/EuroCoreP1500m.html
  2. Евгений Динчев, Петър Атанасов, Високите планини на Република Македония, Пътеводител, София, 1998