Бабин Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бабин Камен

Поглед на врвот Бабин Камен
Висина &100000000000019360000001.936 м
Место Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Бабин Камен — планински врв на Кораб, во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во јужниот дел на планината Кораб, на нејзината источна падина одвоен во источен правец од главниот планински срт, а во западен правец се издигнува на гребенот Осој над селото Тануше. Неговата надморска височина изнесува 1936 метри, и има многу забележителен зашилен (шпицест) изглед, а поради својата голема стрмнина има доста величествен изглед погледнат од сите страни од околу. На северната падина под врвот има густа шума, додека на јужната падина има голем број на карпести облици. Непосредно на запад преку планинското седло на циркот Долни Чардак во кое се наоѓаат ледничките езера Бачилско Езеро, Бабино Езеро, Средно Езеро и Долно Езеро е поврзан со врвот Бачилски Камен.