Длабока Река
Од Википедија, слободната енциклопедија
Длабока Река (албански: Proi i Fel) е лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика[1]. Извира под високите врвови на Кораб, формирајки стрмна долина која представува единственото место со алпска клима во Македонија[2].
На неа се наоѓа познатиот Корабски Водопад, највисокиот водопад во Македонја од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.
Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибај и потоа се влива во Рибничка Река.
Наводи [уреди]
- ↑ Apostolski, Mihailo (1984) (на македонски). „Prirodni i socio-geografski karakteristiki na zonite na nomadskite i polunomadskite stočarski dviženja vo Makedonija“. Makedonska akademija na naukite i umetnostite.
- ↑ Михаило Зиков, Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995