Бука
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бука (Fagus) e еден вид на широколисно дрво од фамилијата Fagaceae. Најраспространет вид во Македонија е обичната бука или Fagus sylvatica.
[уреди] Распространување
Овој род е распространет со осум до единаесет вида во Европа, Северна Америка и Азија. Буките обично преферираат региони што имаат благи зими и не толку топли лета. Региони со сурова зима каде што се среќава доцен мраз, како и сушни лета, не се многу погодни за буките. На јужните граници од нивното распространување, како што е Македонија, тие се ограничени на планинските предели.
[уреди] Опис
Буките се листопадни дрва коишто имаат мазна, сива кора. Лисјата се цели или делумно назабени, од 5-15 cm долги и 4-10 cm широки. Плодот е мал, остар и аглест, долг 10-15 mm. Тој содржи висок процент на танин.

