Голема Корапска Врата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на превојот Голема Корапска Врата, од југоисток
Поглед на превојот Голема Корапска Врата, од североисток

Голема Корапска Врата (на некои карти позната и како Висока Корапска Врата) — високопланински превој на планината Кораб во западна Македонија. Преслапот Голема Корапска Врата е висок 2.063 метри надморска височина и ги поврзува, односно меѓусебе која меѓусебе ги дели северниот и средишниот дел на планината Кораб[1]. Превојот Голема Корапска Врата се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Кораб и водедно ги дели и гребените (масивите) на врвовите Зиберова Кула на север и Бел Врв на југ, додека на исток се отвора долината на реката Штировица, а на запад планинските гребени на врвовит и долината Радомир, кои всушност и се поврзани со пешачко-коњска патека која минува низ самиот превој. Точната местоположба на превојот Мала Корапска Врата е 41°48’ северна географска широчина и 20°34’ источна географска должина[1]. Веднаш на самиот преслап се наоѓаат повеќе силни извори на вода познати како Три Чешми, кои воедно се и изворите на реката Штировица.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 27 септември 2019.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)