Боази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боази

Висина &100000000000024950000002.495 м
Место Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато / 05.07.2020 - прво организирано групно искачување од ДПС „Трансверзалец“ во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“[1]

Боазиврв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб во Македонија. Неговата височина изнесува 2.495 метри[2].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед кон врвот Боази

Боази е врв на главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Кораб, на самата македонско-албанска државна граница. Според местоположбата на врвот Боази се наоѓа на координатите 41°45'23" северна географска широчина и 20°31'39" источна географска должина[2]. Сместен е во пределот помеѓу долината на Длабока Река со Корапскиот водопад и врвот Мал Кораб на север и високопланинскиот превој - преминот Цигански Проход на југ, додека од врвот Боази кон исток се испушта планинската огранка на која се сместени високите, тешко пристапни, многу стрмни и зашилени (налик „алпски“) врвови Кабаш и Рибничка Скала. Врвот Боази се наоѓа на самиот срт, а неговите падини кон запад и исток се многу стрмни и каменливи, а притоа низ двете долини од двете падини на север и југ од Боази водат планински патеки и патишта по кои се движеле многу сточари и патници преминувајќи го сртот на Кораб, поради што најверојатно врвот и го добил името Боази кое доаѓа од турскиот збор boğaz кој значи премин, превој, грло, клисура, врат („шија“), пат. До врвот може да се искачи по добро разгазената граничарска патека, пристапувајќи од долината на Длабока Река (Пројфел) на север, а продолжувајќи по неа кон Цигански Премин на југ, веднаш на јужното подножје под врвот на надморска височина од 2318 метри е сместено постојано природното ледничко езеро Изгревно Езеро.  Целиот крајолик на пределот околу врвот Боази е исполнет многу убави високогорски речиси „алпски“ планински глетки, на стрмни врвови, длабоки долини, стрмни падини со карпи со камењари (сипари), високопланински тревнати пасишта и ливади со боровинки и малини.

Искачување[уреди | уреди извор]

Патека на движење: село Тануше – водопади Танушки Слапови – Ливади или село Грекај – Ливади преку Чапарец – извори Ујткалар (цирк на исушено исчезнато езеро) – Цигански Премин (2250 м.) – Изгревно Езеро (2318 м.) – Боази (2495 – 2515 м.) – извори на Длабока РекаКорабски Пројфелски Водопад – Видиковец – Планиница – преслап Пралуга – с. Нивиште – с. Грекај[1]

  • Должина: 30 км [1]
  • Времетраење: 12 часа [1]
  • Тежина: тешка [1]
  • Вода: на 5 места од издашни извори [1]

Патеката е обележана од ПД Трансверзалец во неколку наврати: 20-21.06.2020 со кампување во шатори крај Изгревно Езеро кога беа поставени и дрвени патоказни стрелки. [1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Шаревски, Марио (2021). Планински врвови во Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 120. ISBN 978-608-66336-2-2.
  2. 2,0 2,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)