Гегиски дијалект

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гегиски дијалект
Застапен во Албанија
Косово
Македонија
Црна Гора
Србија
албанска дијаспора
Говорници 4,200,000  
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-3 aln
Linguasphere 55-AAA-aaa to 55-AAA-aag

Гигискиот дијалект или само геги е еден од двете форми на албанскиот јазик, односно еден од двата главни дијалекти на албанскиот јазик. Другата форма е тоскискиот дијалект, врз кој се темели стандардниот албански. Гегискиот дијалект се зборува во северна Албанија, северозападна Македонија, источна Црна Гора, јужна Србија и во албанската дијаспора. Дијалектот понекогаш се користи и во медиумите во Косово. Гегискиот се зборува северно од реката Шкумбин.

Говори[уреди]

Јужногегиски говори
  • јужногегиски говори: Драч, Елбасан,Тирана и делови од Западна Македонија[1]
Северногегиски говори
  • северозападни: Скадар, Вермош, Селце, Вукел, Лепуша, Тамара, Тузи, Улцин, Бар, Плав, Гусиње, Пеќ, Ѓаковица и Призрен
  • источногегиски: делови од западна Македонија (Дебар-Тетово)
  • северозападни: Скопје-Куманово, Качаник-Прешево
  • северногегиски: Приштина-Митровица

Дијалектолошки разлики[уреди]

стандарден албански тоскиски гегиски македонски
Shqipëri Shqipëri Shqypní Албанија
një një nji / njâ еден
nëntë nëntë nândë девет
është është âsht / â е
bëj bëj bâj прави
emër emër êmën име
pjekuri pjekuri pjekuni зрелост
gjendje gjëndje gjêndje состојба
zog zok zog птица
mbret mbret mret/regj крал
për të punuar për të punuar me punue работи
rërë rërë rânë песок
qenë qënë kjênë / kânë сум
dëllinjë enjë bërshê боровинка
baltë llum lloq кал
cimbidh mashë danë маша
mundem mundem mûj може
vend vënd ven место
dhelpër dhelpër skile/dhelpën лисица

Наводи[уреди]

  1. Hinrichs, Uwe; Buttner, Uwe (1999). „Handbuch der Sudosteuropa-Linguistik“. Otto Harrassowitz Verlag. стр. 285. ISBN 978-3-447-03939-0. http://books.google.com/books?id=Phyvk2tPaYQC&pg=PA285. конс. 5 април 2011. 
  • Martin Camaj (1984), Albanian grammar, Otto Harrassowitz Verlag
  • Carlo Tagliavini (1942), Le parlate albanesi di tipo Ghego orientale: Dardania e Macedonia nord-occidentale,

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]