Ергеле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коњи шетаат пред коњушниците во Ергелето Љубичево
Коњи од ергелето Зобнатица
Ергелето на меѓимурски коњ во Хрватска

Ергеле —одгледувалиште на коњи, односно сточарска установа за унапредување на коњарството. Поимот се однесува и на група коњи.[1][2]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот „ергеле“ потекнува од персискиот јазик (hargele), а кај нас дошол преку турскиот (hergele), со исто значење - одгледувалиште за коњи.[1]

Фигуративно, поимот се користи и за неколку скапи, обично тркачки автомобили во сопственост на едно лице.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Низ историјата, одгледувањето коњи имало поинакво значење и доживеало поголеми промени од другите гранки на сточарството. Најстарата употреба на коњите, веднаш по припитомувањето, била за производство на месо и млеко, што овозможило нагло зголемување на населението во европските и азиските степски области. Сточарството во степата било подобрено во мигот кога јавач на коњ можел да чува до 10 пати побројни стада овци, говеда или коњи од пешак. Заедно со таквото сточарство и употребата на коњи за воени цели, одгледувањето коњи во степските области било основа на воените успеси. На Блискиот и Средниот Исток, одгледувањето коњи станало водечка економска гранка. Херодот наведува дека владетелот на вавилонската сатрапија имал 800 пастуви и 60.000 кобили на својот имот, покрај воените коњи.

Во текот на бронзената доба, имало зголемена потреба од влечни коњи за превоз на калајна и бакарна руда. Со почетокот на индустриската револуција и ширењето на градовите, важноста на одгледувањето коњи во Европа растела, но со откривањето на моторот со внатрешно согорување и неговата се поголема употреба, потребата за коњи во превозот постепено исчезнала. Во последните децении, коњите најмногу се користат во коњичките спортови.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Вршењто избор во одгледувањето коњи започнало многу рано. Се изведува во ергелиња и специјализирани фарми кои одгледуваат квалитетни пастуви за размножување. Со избирање на најквалитетните пастуви, се образуваат крвни линии и родови.

  • Крвната линија е след на расплодни пастуви од првиот родоначалник, каде што сите пастуви од една линија се потомци на тој родоначалник.
  • Родот го образуваат кобилите кои сите потекнуваат од една кобила - родначалничката.

Големи промени во видот на коњите што се одгледуваат се случила кога бил откриен стемемнот. Ова овозможило воведување на оклоп, а тоа барало поголем, посилен и потежок коњ. Франкското коњарство било првото од ваков вид. Одгледувањето коњи за воени цели исчезнало по Првата светска војна.

Со укинувањето на крепосништвото, селаните почнале да користат коњи во земјоделството, напуштајќи ги побавните волови, па селекцијата се правела врз основа на работната способност. Мошне успешна раса со таква намена била расата нониус, коњи од Панонската Низина кои пред појавата на земјоделски машини се користеле за земјоделски работи, а подоцна и за потребите на војската, како товарни и влечни коњи.[5] Со растот на употребата на механизацијата во земјоделството, постепено престанува употребата на коњите како работни животни.

Во последните неколку децении, употребата на коњи за спортски цели е во пораст. Коњите се избираат за јавање и касачки трки, како и за натпревари во скокање . Денес, коњите се чуваат и како домашни миленици. Економското значење на коњот остана само во производството на коњско месо, кое го бараат некои пазари, како што е, на пример , Италија . [4]

Пасмини коњи[уреди | уреди извор]

 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „ергеле“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ергеле“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „ergela – značenje“. Opšte obrazovanje. Посетено на 25. 12. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. 4,0 4,1 „konjogojstvo“. Hrvatska enciklopedija, mrežno izdanje. Leksikografski zavod Miroslav Krleža. Посетено на 25. 12. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Rezidencija Karađorđevo – od austrougarske ergele do arapskih komšija“. Bačka Palanka Vesti. 20. 1. 2019. Посетено на 7. 9. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)