Домашно говедо
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Крава | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
|
Припитомен
|
|
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Chordata |
| Класа: | Mammalia |
| Ред: | Artiodactyla |
| Фамилија: | Bovidae |
| Потфамилија: | Bovinae |
| Род: | Bos |
| Вид: | B. taurus |
| Биномен назив | |
| Bos taurus Linej, 1758 |
|
Домашно говедо или едноставно говедо се нарекуваат одгледуваните потомци на дивото говедо (Bos taurus). Одгледувањето започнало најпрво поради месото, а подоцна и поради млекото и нивната сила која се користела за влечење.
Денешното домашно говедо првобитно дошло од Анадолија и од Блискиот Исток. Одледувањето на домашното говедо започнало уште во 9 век п.н.е. Како доказ за тоа се смета тоа што уште од 8300 година п.н.е. заедно со земјоделците пристигнало на Кипар, каде дотогаш немало говеда. Оттогаш луѓето одгледале голем број раси на домашни говеда, а понекогаш го вкрстувале Bos taurus со други видови говеда. Одгледувани се и други видови говеда, пред се во Азија. Така од подвидот на дивото говедо зебу (Bos primigenius, понекогаш Bos taurus) потекнува домашното говедо од подвидот зебу (Bos primigenius indicus, понекогаш Bos taurus indicus), од говедото бантенг (Bos javanicus) потекнува домашното говедо на Бали (Bos javanicus f. domestica) итн.
Најголем број домашни говеда кои се одгледуваат поради месото има во Бразил, околу 200 милиони. Домашните говеда ги има во неколку раси, а притоа расите се резултат на целта за која би се користело животното. Покрај месото, млекото и кожата, изметот од домашните говеда е многу ценето природно ѓубриво во земјоделството, а се користи и за добивање биогас. Во многу делови од Светот домашното говедо, посебно воловите, се користат за влечење и имаат важна улога во орањето. При одгледувањето на домашни говеда се вршело вкрстување на расите за да се добијат животни со одредени карактеристики. Притоа, најчесто се имале две цели: да се добие поголемо количество млеко и да се добие подобар квалитет и поголемо количество месо.
Кон крајот на 15. век Европјаните го донеле домашното говедо во Америка, како и во Австралија и Нов Зеланд, каде многу брзо се развиле големи крда диви говеда.
Говедата се животни од групата преживари, што значи дека имаат систем за исхрана кој им овозможува да ја искористат несварената растителна храна од желудникот, при што ја враќаат во устата и ја џвакаат. Потоа таа храна ја голтаат и во желудникот дополнително се обработува од страна на микроби кои живеат во стомакот на говедото. Тие микроорганизми се одговорни за разградувањето на целулозата и другите јаглени хидрати, а освен тоа синтетизираат аминокиселини.
Периодот на бременост кај кравите е 9 месеци. Новороденото теле тежи меѓу 35 и 45 килограми, а говедата можат да живеат до 25 години.
Терминологија [уреди]
Говедо е општото име за ова животно, но според полот и возраста има и посебни називи:
- Теле - Младо говедо, теленце - сосем младо;
- Крава - Женско говедо на репродуктивна возраст;
- Јуница - Женско говедо на репродуктивна возраст, кое ќе се тели за првпат;
- Стелна крава - Крава со теленце кое цица;
- Јалова крава - Женско говедо кое ја изгубило својата репродуктивност. Се користи за месо.
- Бик - Машко говедо на репродуктивна возраст;
- Вол - Возрасно скопено машко говедо, се користи за работа, како влечна сила.