Скопска Црна Гора
| Скопска Црна Гора | |
| Надм. вис. | 1651 m (Рамно) м |
|---|---|
| Местоположба | |
| Место | Македонија , Косово |
Скопска Црна Гора е средно висока планина, која на територијата на Република Македонија се протега со својот јужен дел, а северниот дел припаѓа на Косово. Скопска Црна Гора се издига помеѓу: Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гњиланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад. Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно 1.651 м. Останати повисоки врвови се Соколовец и Душановец. Настаната е со раседнување. Составена е од кристалести шкрилци и еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни седименти. Со долината на Липковска Река поделена е на два дела: западен-повисок и источен понизок познат под името Карадаг. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови.Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири на пример манастирите Матејче и Свети Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света Богородица на западната страна.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Т. Андоновски, И. Милевски, Геоморфолошки карактеристики на Кумановската Котлина, „Географски разгледи“, кн. 36, Скопје, 2001