Константин Асен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Асен
Цар на Бугарија
На престол1257–1277
ПретходникМицо Асен
НаследникИвајло
ДинастијаАсенска династија
Бугарија кон 1260 година.

Константин Асен[1]цар на Второто Бугарско Царство од 1257 до 1277 година. Константин бил син на скопскиот благородник и болјарин по име Тихомир, кој живеел во почетокот на XIII век. По мајчина линија Константин бил роднина на великиот жупан на Рашка, Стефан Немања. Во 1257 година Константин бил подигнат од Великиот болјарски совет во Трново да го замени на престолот неуспешниот Мицо Асен. Бугарското болјарство, незадоволно од последните Асеневци, одлучило да се спротивстави на последниот од нив - Мицо Асен. Во земјата избувнала граѓанска војна. Константин од Скопје добил сериозна поддршка и успеал да освои двобојот. По неговото влегување во Трново, Константин склучил брак со Ирина, ќерка на никејскиот цар и внука на Иван Асен II. Со ова Константин се стекнал со правото на презимето Асен и ја обновил врската со познатата Асенева династија.[2] Поради одолговлечени и скапи неуспешни војни, постојаните Монголско-татарски приливи на Златната орда и економска нестабилност, во 1277 година во царството назрела граѓанска војна. Ивајло станал предводник на незадоволните и мизерни селани, остварувајќи контрола над големи области од земјата. Константин Асен се соочил со војска против Ивајло, но претрпел пораз и бил погубен во сопствената кола.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Голема енциклопедија Бугарија, гл. уредник акад Васил Ѓузелев, том 6, Бугарска академија на науките, Научно информативен центар "Бугарска енциклопедија", Софија, 2012, стр 2390 ISBN 978-954-8104-28-9 (т.6)
  2. Андреев, Јордан, Андреј Пантев. Историски директориум Бугарските ханови и цареви од Кан Кубрат до цар Борис III, Издаваштво "Абагар", Велико Трново, 2004, с 212 ISBN 954-427-216-Х