Идризово
Идризово е село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.
| Идризово | |
| Координати41°57′38″N 21°34′32″E / 41.96056°N 21.57556°EКоординати: 41°57′38″N 21°34′32″E / 41.96056°N 21.57556°E | |
| Општина | Општина Гази Баба |
| Географски регион | |
| Население | |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | |
| Селска слава | |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во Скопската котлина на левиот брег на Вардар и во пракса е населба на Скопје.
[уреди] Историja
Кон крајот на 19 век селото Идризово е дел од Отоманската Империја. Според статистиката на Васил Кнчов во 1900 година живееле 90 христијани и 5 муслимани Турци. Во почетокот на 20 век целото село е егзархиско. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 година во селото Идризово имало 56 егзархисти. По меѓусојузничката војна во 1913 година селото влегува во границите на Србија. На етничката картичка од 1927 година Леонард Шулце Јена кажал дека селото Идризово има нејасен етнички состав. По создавањето на комунистичка Југославија по Втората светска војна крај селото Идризово е создаден концентрационен логор.
[уреди] Економија
Населението на селото Идризово во најголема мера егзистира од земјоделие поради самата местоположба на селото во плодната рамнина на скопското поле. Најповеќе се одгледуваат житните култури (пченица, пченка, јачмен и 'рж),градинарските култури (пипер, домат, компир, кромид и лук),а во голема мера се застапени и индустриските култури (луцерка, граор, фуражна пченка и детелина).Мнозинството од земјоделските производи се пласираат на пазарите во Скопје,а мал дел се ориентирани и за извоз.Жителите на селото одгледуваат и стока, во најголем дел крави, а во помал дел свињи и живина.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 година, селото Идризово брои 1655 жители,од кои:
- Македонци 1572 (97,83%)
- Турци 2
- Срби 0
- Во делот Колонија,Идризово,Јурумлери во тој дел брои:
- Роми 62
- останати 19
[уреди] Општествени институции
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Идризово или Пречиста - започнала да се гради 1996 година, а била осветена 1998 година.[1]
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Наводи
- ↑ „Верски објекти“ (на македонски). Општина Гази Баба. http://www.gazibaba.gov.mk/znamenitosti/verski-objekti. проверено на 2010-11-28.

