Бајрамовци

Координати: 41°28′53″N 20°34′15″E / 41.48139° СГШ; 20.57083° ИГД / 41.48139; 20.57083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бајрамовци

Воздушен поглед на селото Бајрамовци

Бајрамовци во рамките на Македонија
Бајрамовци
Местоположба на Бајрамовци во Македонија
Бајрамовци на карта

Карта

Координати 41°28′53″N 20°34′15″E / 41.48139° СГШ; 20.57083° ИГД / 41.48139; 20.57083
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 104 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08004
Надм. вис. 860 м
Бајрамовци на општинската карта

Атарот на Бајрамовци во рамките на општината
Бајрамовци на Ризницата

Бајрамовци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е забележано дури во XIX век. Името доаѓа од муслиманското лично име Бајрам, или пак од турскиот збор бајрам што означува „прослава или веселба“.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 860 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 10 километри.[4]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Бајрамовци е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5]

Бајрамовци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 63,8 хектари, на шумите отпаѓаат 60,9 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
1971241—    
1981248+2.9%
ГодинаНас.±%
1991254+2.4%
1994257+1.2%
2002177−31.1%
2021104−41.2%

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Бајрамовци имало 80 жители, сите Македонци-муслимани.[7]

Селото е мало, но без некои големи промени во населеноста. Во 1961 година, селото броело 241 жител, а во 1994 година 257 жители, од кои 245 биле Турци, а 11 жители Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Бајрамовци броело 177 жители, сите Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 1 Албанец, 81 Турчин и 22 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 [б 1] [б 1] [б 1] 241 248 254 257 177 104
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Бајрамовци е торбешко (македонско муслиманско) село.[14]

Според истражувањата од 1954 година, во селото живеел само еден голем род.

  • Доселеници: Бајрамовци (25 к.), се делат на Меровци, Ајдаровци, Абдуловци, Арифовци, Бајровци или Аџи Бајровци и Асановци. Доселени се од селото Житинени во првата половина на XIX век. Подалечно потекло имаат од селото Коџаџик.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Бајрамовци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Поглед на селската џамија

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0564 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Црно Боци.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 326 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[5]
  • Црков — средновековна црква и некропола; и
  • Варварица — средновековна црква.
Џамии[18]
Реки[19]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
  3. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 32. ISBN 978-608-220-026-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 17.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 118. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Панов, Митко (1993). Селата во Република Македонија: состојби, проблеми и можни правци во развојот на селската средина. НИО „Студентски збор“. стр. 124.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. . Русић, Бранислав (1957). Жупа Дебарска (српски). Филозофски факултет на универзитетот - Скопје, Историско-филолошки оддел. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 21 јануари 2023.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 15. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Забелешки
  1. 1,0 1,1 1,2 Податоците за населените места Оџовци, Бајрамовци и Црно Боци, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Баланци.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]