Глобочица

Координати: 41°19′0″N 20°38′34″E / 41.31667° СГШ; 20.64278° ИГД / 41.31667; 20.64278
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења видете Глобочица (појаснување)
Глобочица

Поглед на селото Глобочица

Глобочица во рамките на Македонија
Глобочица
Местоположба на Глобочица во Македонија
Глобочица на карта

Карта

Координати 41°19′0″N 20°38′34″E / 41.31667° СГШ; 20.64278° ИГД / 41.31667; 20.64278
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 853 м
Глобочица на општинската карта

Атарот на Глобочица во рамките на општината
Глобочица на Ризницата

Глобочица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од регионалниот пат Струга-Дебар

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во североисточниот дел на територијата на Општина Струга, од десната страна на заезерената долина на Црн Дрим.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2]

Селото се наоѓа на западните падини на Караорман, на бреговите на истоименото езеро.

Соседни села на селото Глобочица се: Збажди и Локов од север, Присовјани од исток, Пискупштина од запад, Бороец од југозапад, Брчево и Мислодежда од југоисток, и Ташмаруништа од југ.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Фурка, Брчески Осој, Лескоец, Калиманица, Дедено (тука било село порано), Долни Куртел, Безески Рид, итн.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Глобочица пред потопувањето. Фотографија од 1962 година, дело на Џоел Халперн

Во XIX век, Глобочица било село во Струшката нахија во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.

Според кажувањето на постарите овде било порано само шуми, па после се доселиле луѓе од некогашното село Дедено

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е потопен со водата на вештачкото езеро Глобочица.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948291—    
1953353+21.3%
1961465+31.7%
19710−100.0%
19812—    
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 170 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Глобочица имало 300 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глобочица имало 360 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Глобочица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 26 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Селото е целосно раселено по 1981 година, кога што броело двајца жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Глобочица немало жители.[9] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 360 291 353 465 0 2 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староселеделци: Трендовци (4 к.), Анѓелковци или Трајановци (2 к.) и Постоловци (2 к.)
  • Доселеници: Мечкаровци со Петревци (17 к.) потекнуваат од браќата Петре и Ѓоре. Тие се доселиле од некое село во пределот Голо Брдо, денес во Албанија; Марковци или Стојановци со Спировци (4 к.) доселени се од селото Лотница кај Пискупштина (сега не постои), Дебарски Дримкол; Цветковци (2 к.) доселени се однекаде; Иловци (10 к.) имаат исто потекло како и родот Марковци; Солешиковци (5 к.) доселени се од некое село во околината на Солун, Егејска Македонија, пред околу 170 години. Они се најмлади доселеници.[3]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Глобочица, се наоѓале и селата ’Ржаново, Богоица, Брчево, Збажди, Локов, Мислодежда, Поум и Присовјани. Во периодот 1950-1952 година, селото Глобочица било дел од некогашната општина Присовјани, во која влегувале селата Глобочица, Збажди и Присовјани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1887, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во селото Луково. Во избирачкото место е опфатено и селото Луково.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 345 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 343 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Илија“, обновена во чест на потопената истоимена црква
Цркви[17]
Реки[19]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Глобочица

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 69. Посетено на 17 ноември 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Глобочица. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 ноември 2018.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 17 ноември 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 17 ноември 2018.
  16. „Референдум 2018“. Посетено на 17 ноември 2018.[мртва врска]
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Осветување на црквата „Свети Илија" во струшка Глобочица. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 2014-09-13.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 66.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]