Колицко

Координати: 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Колицко

Воздушен поглед на селото Колицко

Колицко во рамките на Македонија
Колицко
Местоположба на Колицко во Македонија
Колицко на карта

Карта

Координати 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Област Овче Поле
Население 34 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1305
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17050
Надм. вис. 520 м
Слава Спасовден
Колицко на општинската карта

Атарот на Колицко во рамките на општината
Колицко на Ризницата

Колицко — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Куманово, на средното сливно подрачје на реката Пчиња.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 520 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 22 километри.[2]

До самото село води земјен пат, кој се двои од локалниот пат до селото Габреш, кој пак започнува од регионалниот пат 1204 кај селото Скачковце.

Колицко граничи со селата: Скачковце и Орашац на север и североисток, Габреш на исток, Д’лга на запад, и Живиње на југ. Во минатото, мештаните со вода за пиење се снабдувале од послаби извори и бунари.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Голем Гољак, Брајански Рид, Лука, Леви Дол, Островица, Трнов Дол, Балин Дол, Карчев Крст, Пејкова Падина, Витол и Обрук.[3]

Колицко има збиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно Маало. Тие се сместени лево и десно од еден дол. Во долот се наоѓаат чешмите, поило за стоката, а во минатото и главното пералиште.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Колицко е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Трпеза - Ѕидини на неговата западна периферија.[4] Како истакнато возвишение е и Островица, од каде мештаните на Колицко носеле камен за изградба на нивните куќи.[3]

На местото на денешното село некогаш постоела постара населба, која подоцна била раселена. Денешните мештани раскажуваат дека нивните дедовци оделе во Солун, каде биле дочекувани од старите иселеници од ова село.[3]

Од старото село има различни старини во денешното село и во неговата близина, како што се врчви, гробишта, срушени цркви и друго. Можеби старото село било раселено кон крајот на XVII век. Тогаш исчезнале и некои други села во Кумановско.[3]

Народното предание наведува дека денешното Колицко било основано околу 1770 година. На пусто место дошле две домаќинства, едното турско другото каурско. Првото домаќинство се населило во денешното Долно Маало, а другото во денешното Горно Маало.[3]

Од христијанското домаќинство потекнува денешниот род Банковци, додека муслиманското немало синови, па така како домазет дошол некој Арбанас од прешевското село Чучарка. Земјата на ова семејство била купена од македонските селани во 1927 година.[3]

Во близина на селото Колицко се наоѓа муслиманското село Д’лга, од каде во отоманскиот период доаѓале Арбанаси и ги напаѓале куќите, стоката и самите имоти на мештаните.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 9,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 474 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 341 хектар, а на пасиштата 98 хектари.[2]

Во основа, селото има полјоделска функција.[2]

За време на отоманскиот период, Колицко било раатско село. Поголемиот дел од атарот на селото е под шуми и пасишта, поради што тие две гранки биле и најразвиени. До Втората светска војна, најголеми приходи селото остварувало од продажба на стока и огревно дрво.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948292—    
1953330+13.0%
1961353+7.0%
1971366+3.7%
1981253−30.9%
ГодинаНас.±%
1991139−45.1%
1994127−8.6%
200268−46.5%
202134−50.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Колицко живееле 145 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колицко имало 68 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Колицко во 1961 година броело 353 жители, од кои 339 биле Македонци, петмина Срби и двајца жители Хрвати, а во 1994 година бројот се намалил на 127 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Колицко живееле 86 жители, од кои 83 Македонци и 3 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 29 Македонци и 5 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 145 200 292 330 353 366 253 139 127 68 34
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Колицко е македонско православно село, родовите се староседелци, кои живееле во старото село Колицко и доселеници.[3]

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Постари родови: Банковци (18 к.), Вучковци (16 к.), Антевци (12 к.) и Пауновци (2 к.). Банковци потекнуваат од основачот на селото, кој најпрвин живеел на денешната месноста Балин Дол. Во родот Банковци се знае следното родословие: Љубе (жив на 50 г. во 1971 година) Милан-Аце-Максим-Младен-?-Банко, кој се поместил од старо Колицко.
  • Помлади родови: Ѓуревци (1 к.) и Кузе (1 к.), првите се доселени од соседното село Скачковце, а вторите од селото Мургаш, доселени се пред 1912 година; Пешевци (2 к.), доселени се од кривопаланечкото село Радибуш во 1921 година; Станојовци (1 к.), доселени се 1930 година од селото Стајовци, во Горна Пчиња, денес во Србија.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници има во некои кумановски села, како Доброшане (Миланови, 3 к.) и Габреш (Јанушеви, 2 к.). После Втората светска војна населението воглавно се иселило во Куманово.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на поранешното основно училиште во Колицко
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Колицко било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Орашац, во која покрај селото Колицко, се наоѓале и селата Алакинце, Вак’в, Винце, Д'лга, Доброшане, Живиње, Малино, Орашац, Пчиња, Скачковце и Шупли Камен. Селото припаѓало на Општина Малино во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Алакинци, Живиње, Колицко, Крушица и Малино.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1135 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви[16]
Параклиси
Манастири

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селски слави[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Тодор Димков
Родени во или по потекло од Колицко

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 64.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 151–153.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 211. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 216
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 декември 2022.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/45-1390. Посетено на 17 декември 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.50

Надворешни врски[уреди | уреди извор]