Саждево

Координати: 41°27′7″N 21°16′19″E / 41.45194° СГШ; 21.27194° ИГД / 41.45194; 21.27194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Саждево

Поглед на селото

Саждево во рамките на Македонија
Саждево
Местоположба на Саждево во Македонија
Саждево на карта

Карта

Координати 41°27′7″N 21°16′19″E / 41.45194° СГШ; 21.27194° ИГД / 41.45194; 21.27194
Регион  Пелагониски
Општина  Крушево
Население 476 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7537
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16021
Надм. вис. 650 м
Саждево на општинската карта

Атарот на Саждево во рамките на општината
Саждево на Ризницата

Саждево — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед во селото

Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на општините Македонски Брод и Долнени.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Крушево е оддалечено 21 километар.[2]

Селото се наоѓа на допирот на Бушева Планина на северозапад и ниската езерска рамнина на југоисток, поради што во него се погодни сточарството, шумарството и земјоделството. Села со кои се граничи атарот на Саждево се: Јакреново, Лажани, Кошино и Дреново. Во минатото, вода за пиење добивало од само една чешма на сретсело и од бунари. Подалеку од селото има и други послаби извори, некои од нив соѕидани во чешми, наречени: Крони Кепит, Ке-Раса (Плоча), Таиров Кладенец, Ѓорева Вода и други.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Каља, Бело Камење, Гури Маркут (Марков Камен), Зелен Камен, Ледина Маде (Голема Ледина), Гури Рустеми, Земник, Чука, Куса Ричка, Дрварски Пат, Ула Ѓоре (Ѓорев Пат), Аре Ѓорѓијут, Присој, Говедарник, Секојца и Ливада Вогл (Мала Ливада).[3]

Селото има збиен тип, поделено на три маала, наречени Поштр (Долно), Туфо и Зајак. Во секое од маалата живеат припадниците на еден род. Маалата се незначително едно од друго оддалечени.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Североисточно од селото, на височина од 1.500 метри, се наоѓа возвишението Каља. Таму имало тврдина, од која има слаби остатоци од заштитниот бедем, а возвишението е обраснато со шума. Во подножјето извира изворот Студена Вода.[3]

Селото се споменува во Трескавичкиот споменик од XVII век.

Саждево е албанско село и неговите жителите не кажуваат дали нивните предци нашле постари жители кога се доселиле во првата половина на XIX век. Сепак, утврдено е дека во селото живееле православни Македонци и иселени родови од Саждево се наоѓаат во Крапа (Сидоровци, 4 к. и Ѓинчаровци, 4 к.).[3]

Жителите од соседното Кошино наведуваат дека порано во Саждево постоела црква. Црквата била нападната на Велигден од арбанашки напаѓачи, кои упаднале во нејзе и убиле многу мештани. За овој настан во околните села се пеела песна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 5,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 329 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 128 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 97 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948190—    
1953224+17.9%
1961246+9.8%
1971222−9.8%
1981278+25.2%
ГодинаНас.±%
1991299+7.6%
1994316+5.7%
2002393+24.4%
2021476+21.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Саждево живееле 154 жители, од кои 130 Албанци и 24 Роми.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Саждово се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 21 куќа.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]

Саждево е мало село, без некои поголеми промени на бројот на населението. Во 1961 година броело 246 жители, од кои 218 биле Турци, 14 Македонци и 7 жители Албанци. Во 1994 година бројот се зголемил на 316 жители, од кои 199 Турци и 108 Албанци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Саждево живееле 393 жители, од кои 184 Албанци, 207 Турци и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 476 жители, од кои 222 Албанци, 221 Турчин, 6 Бошњаци, 14 останати и 13 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Саждево:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 190
1953 0 3 221 0 0 224
1961 14 7 218 0 7 246
1971 66 4 141 2 9 222
1981 4 41 221 0 12 278
1991 3 97 188 0 11 299
1994 1 108 199 0 8 316
2002 0 184 207 0 2 393
2021 0 222 221 0 6 14 13 476

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Денес, Саждево е албанско село, кои се доселеници.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се: Зајак (13 к.), доселени се од северна Албанија. Го знаат следното родословие: Мемет (жив на 70 г. во 1952 година) Алим-Мемет-Браим, кој се доселил во селото; Туфо (10 к.), доселени се од северна Албанија во исто време со претходниот род; Грудовци (11 к.), доселени се од северна Албанија; Поповц (1 к.), доселени се во 1913 година од селото Дреново во Порече. Нивните роднини таа година се иселиле во Турција.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Покрај иселувањето на христијанското население во минатото, од селото имало иселувања и на доселените Албанци. Така од родот Туфо едно семејство заминало во Турција, додека родот Шуке (1 к.) се иселил во селото Дебреште.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Саждево било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево. Во периодот од 1957-1965, селото се наоѓало во општина Долнени.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреште, во која покрај селото Саждево, се наоѓале и селата Борино, Дебреште, Жабјани, Јакреново, Кошино, Крапа, Лажани и Ропотово. Општината Дебреште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1201 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 354 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 383 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамии[12]
  • Џамија — главна селска џамија, изградена кон крајот на XIX век.
Цркви[3]
  • Според кажувања во селото некогаш постоела црква.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 263. Посетено на 25 декември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 декември 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Локални избори 2021“. Посетено на 23 декември 2021.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]