Зубово

Координати: 41°24′0″N 22°51′0″E / 41.40000° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.40000; 22.85000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зубово

Влезот на селото

Зубово во рамките на Македонија
Зубово
Местоположба на Зубово во Македонија
Зубово на карта

Карта

Координати 41°24′0″N 22°51′0″E / 41.40000° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.40000; 22.85000
Општина Ново Село
Население 447 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27032, 27532
Надм. вис. 102 м
Зубово на општинската карта

Атарот на Зубово во рамките на општината
Зубово на Ризницата

Зубово — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Црква „Св. Ѓорѓи“
Дом на пензионери
ОУ „Мануш Турновски“

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Зубово се наоѓа во плодното Струмичко Поле, на надморска височина од 207 метри, во непосредна близина на местото каде реката Водочница се влева во реката Струмица. Од најблискиот град Струмица е оддалеченo 19 километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Зубово своето име го добило според неговата местоположба, бидејќи површината што ја зафаќа има облик на заб („зуб“ или „з‘б“).

Селото трипати ја менувало својата местоположба: најпрвин се наоѓало во месноста Колибите, потоа во месноста Барите, и најпосле во месноста Двата Потока. Зубово првпат се среќава во повелбите на повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш во струмичката област од 1378 година[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото било турски чифлик, а потоа било продадено на семејството Караманолци. Во 1913 година тоа било запалено од гркоманското население.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948397—    
1953480+20.9%
1961580+20.8%
1971657+13.3%
1981713+8.5%
ГодинаНас.±%
1991733+2.8%
1994694−5.3%
2002648−6.6%
2021447−31.0%

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Забово е наведено како село со 60 домаќинства и 215 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Забово живееле 390 жители, сите Македонци.[5]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 496 македонски патријаршисти под врховенството на Бугарската егзархија и функционирало грчко училиште[3][6].

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 648 жители, од кои 646 Македонци и 2 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 447 жители, од кои 428 Македонци и 19 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 390 496 397 480 580 657 713 733 694 648 447
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1792 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 637 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓи“ била изградена од патријаршистите во 1852 година. Во селото има училиште посветено на Мануш Турновски, изградено во 1948 година, амбуланта и Дом на пензионери.

Во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Могила од римското време[16].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Новаковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]