Бучин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бучин
Бучин во рамките на Македонија
Бучин
Бучин (Македонија)
Координати41°24′26″N 21°09′20″E / 41.40722°N 21.15556°E / 41.40722; 21.15556Координати: 41°24′26″N 21°09′20″E / 41.40722°N 21.15556°E / 41.40722; 21.15556
Општина Општина Крушево
Географски регион  
Население  736 жители
Поштенски број 7550
Повикувачки број 048
Надморска височина 624 m
Селска слава  


Бучин е село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево

Содржина

[уреди] Бучин

Село Бучин се наоѓа во општина Крушево, на раскрсницата Крушево, Демирхисар, Битола и Прилеп. Селото Бучин се наоѓа северно од планината Древеник кој е огранок на Баба Планина. Од запад е ридот Голем Камен, а од север и исток е пелагониската рамница т.е. Пелагонија. Низ селото Бучин тече Црна Река и го дели на два дела. Во центарот на селото има посебно водно корито наречено "јаз". Од него произлегуваат канали за наводнување на ниви со градинарски растенија: кромид, пиперки, патлиџани, компири, грав и др. Селото е посебно познато по бучинскиот кромид, кој е широко признат бренд.

Селото е рамничарко место. Во неговата непосредна околина има помали возвишенија.

Покрај селото Бучин од западната страна, под Голем Камен, поминува железничката пруга Бакарно Гумно - Сопотница. Денес пругата е во мирување.

Кај селото Бучин на желеничката пруга има два тунели, а во месноста помеѓу тунелите се наоѓа манастирот Св. вмч. Георгиј - Ѓурѓовден. Низ селото поминува асфалтен пат и го поврзува со Крушево, Демирхисар, Битола и Прилеп. Има здрава и чиста вода која се снабдува од водовод и од бунари.

[уреди] Историja

Постојат две легенди како Бучин го добил своето име. Првата е дека во времето кога постоело Пелагониското Море, височинката над селото Бучин била населена и ова населено место се викало Будимград. Поради тоа денес селото се вика Бучин. Втората теорија е дека по течението на Црна Река има ветер наречен "порек" и се претпоставува дека од неговата бучава можеби местото го добило името Бучин. Бучин од секогаш важело за богато рамничарско село. Но, постои и една интересна анегдота. Во постаро време некоја девојка се омажила во с.Бучин и нејзините соселани од нејзиното родно село ѝ завидувале оти се омажила во Бучин и ѝ велеле "тебе ти е многу убаво, се омажи многу богато, во Бучин", а таа саркастично им одговорила "На кого му бучи, му бучи, а на свекор ми нити му бучи нити му јачи", сакајќи да каже дека и во Бучин се нашла сиромашна фамилија и баш нејзе и се погодило да се омажи во неа. Се споменува дека во 1910 год. почнал да се произведува бучинскиот кромид. Во римско време на реката Црна е изграден Стар Мост. Се претпоставува дека тука некојпат поминувал Виа Игнациа. Денес веднаш до Стар Мост се наоѓа нов, модерно изграден мост.

[уреди] Економија

Во село Бучин основно производство е надалеку познатиот - бучински кромид. Бучинскиот кромид се произведува во големи количини и обично тешко се продава, а цената е минимална. Чисто за информација, некои години цената изнесува 3 (три) денари за килограм. Во тие услови не се иплатува ни работата нити пак маката за да се произведе. Во подобрите години цената може да достигне 20 до 30 денари по килограм, но тоа е многу ретко. Се одгледуваат и други градинарски култури: пиперки, патлиџани, праз, лук, грав и др. градинарски култури. Се сеат пченица, пченка (царевка), јачмен како и други фуражни култури. Може да се рече со голем труд, голема мака и доста залагање се живее добро.

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година, Бучин има 738 жители, со 227 домаќинства, и вкупно 282 живеалишта. Од овие 738 жители 396 се мажи, а 342 жени. Сите жители се изјасниле како Македонци. Мајчин јазик за сите 738 е македонскиот јазик. Од сите жители, 737 се изјасниле дека имаат православна вера, а еден се изјаснил под останато. Според старосната структура, од 0-9 години има 95 жители, од 10-19 години 81, од 20-29 години 97, од 30-39 години 94, од 40-49 години 87, од 50-59 години 89, од 60-69 години 106, од 70-79 години 65, од 80-84 години 13, и над 85 години 11.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

Во селото има матична служба - матичар. Телефонскиот број на матичната служба е +389 (0)48 451 123.

Според политичката определеност има членови и симпатизери од поголемите и помалите партии од македонската политичка сцена, меѓу кои најбројни се за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Vo seloto ima abulanta i personal. Vo seloto ima Vetrinarna stanica so personal.

[уреди] Културни и природни знаменитости

Во Бучин има основно училиште "Кирил и Методиј", во кое се одвива настава од прво до девето одделение. Постои и дом на културата со спортска сала во изградба. Црна Река тече низ селото, при што еден крак е одделен и поминува низ центарот на селото т.н. "Јаз". Еден дел од јазот е уреден во староградска архитектура и вреди да се види. Црна Река има два моста, еден е Стар Мост од римско време и еден е изграден во времето на СФР Југославија и е изграден во 1965 год.

Воденицата на господинот Ќурќиоски Мито - Папаз, која датира од постари времиња, во 1912 година имала 12 камења за мелење жито. Во 1948 година господинот Мито Папаз купил францисова турбина која произведувала електрична струја за целото село, се до 1964 година кога е заменета со струјата на Електростопанство Македонија. Дење во воденицата се мелело жито, а навечер се произведувала струја.

Останати знаменитости се: железничка пруга со два тунели (во мирување), Манастирот Св. вмч. Горгиј - ЃУРЃОВДЕН кој се наоѓа меѓу двата тунели на железничката пруга, на патот Бучин - Света (општина Демирхисар).

Славата на манастирот Св. Горгија е на ден Ѓурѓовден, 6 мај секоја година.

Црквата во село Бучин е "Рождение на Пресвета Богородица" - Мала Богородица и се слави на 21 септември како селска слава. Секоја фамилија си има и посебни фамилијарни слави.

Археолошки локалитети[1]
  • Даб - осамен наод од римско време;
  • Кале - доцноантичка населба;
  • Манастириште - хеленистичка и римска населба;
  • Рид - хеленистичка населба;

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

Од Бучин потекнува секретарот одговорен за поплиција и градоначалник на градот во Привремената влада на Крушевската република Христо Петрушев Ќурчиев (1872-1941), Неговиот дедо Трајче Стрезов бил нападнат од турците од едно од соседните села, вечерта Трајче успеал да се спаси и утредента рано сабајлето заминал за Крушево со неговата жена и неговиот син Петруш. Христо Ќурчиев се родил во Крушево, завршил гимназија, зборувал Француски и турски јазик, познат чевлар во градот, еден од првите членови на Организацијата во Крушево. Во време на Републиката ја раководи Градската полиција поделена во десет групи и управувана од десетари, инаку опитни во таа работа, тоа се крушевчани кои припаѓале на некогашните фарии. Заради неговата заштита на жените од турската администрација кои се нашле како поленци на востаничко-револуционерната власт во Крушево и Крушевско, по востанието заедно со преживеаниот член Македонец на Привремената влада: Димитар Секулов и тој се повикани од Бахтијар паша и спроведени во Битола, потоа тој успева да се спаси највероватно пред општатат амнестија во април 1904 година и во турска униформа да биде заради зачувување на честа на турските анами од Крушево е префрлен во Бугарија, оттогаш никогаш не се вратил во Крушево и во Македонија, си ја повлекол фамилијата во Софија каде отворил дуќан за продажба на чевли. Неговата внука Емилија Гошева од Софија во август 2009 година го посети Бучин и се запозна со родните корени од своите претци.Христо Ќурчиев починал од мозочен удар во Софија во февруар 1941 година. подоцна неговата куќа во центарот на Софија 1944 година при бомбардирање настрадала.

[уреди] Иселениство

Населението во с.Бучин е претежно иселено во својата татковина Македонија, во Битола, Прилеп, Скопје, Крушево и др.места. Има иселеници и во Австралија, Швајцарија, Германија, Шведска и други држави во светот.

[уреди] Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици