Косел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Косел
Kosel OH (2).JPG

Улица во Косел

Косел се наоѓа во Македонија
Косел
Косел (Македонија)
Координати 41°10′27″ СГШ 20°50′08″ ИГД / 
Општина Општина Охрид
Население 586 жит.
Пошт. бр. 6000
Надм. височина 750 м
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“
Грб на поранешната Општина Косел.

Косел е село во Општина Охрид. Ќе ве изненади секогаш кога ќе поминете низ селото, одејќи од Охрид накај Ресен или обратно. Ако сте го знаеле, веќе знаете дека тоа е местото што го најавува заминувањето или пристигнувањето во Охрид. На прв поглед, охридското село Косел ќе ви изгледа како едно обично македонско крајпатно село, чиј почеток и крај се означени со големи жолти табли. Така е сe додека да стигнете некаде до средината на селото, кога ќе почувствувате чуден мирис. Но, не брзајте да им испратите чуден поглед на луѓето со кои се возите. Мирисот што ве збунил го испуштаат неколкуте дупки над селото, познати како единствениот жив вулкан на Балканот.

Географиja и местоположба[уреди]

Во југозападниот дел на Република Македонија во дел од Охридската Котлина се наоѓа селото Косел. Селото се наоѓа на 7 км северно од Охрид, на регионалниот пат Охрид - Битола, на Коселска река. Традиционално се дели на две маали - Горни и Долни Косел, иако од Долни Косел живеат многу малку жители (повеќето се иселени).

Историja[уреди]

Економија[уреди]

Со развојот на мали претпријатија и формирањето на индустриска зона на излезот од Охрид кон Битола, многу стопанственици отворија свои фирми на територијата на Косел. Најзначаен стопански капацитет е А.Д. ЕМО - Охрид со седиште токму во с. Косел во кој се вработени околу 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: "ПРОФИЛ-СТ" (изработка на пластични и алумински профили), "ДАСС-ИНЖЕНЕРИНГ", "ЕВРО-ЏИНС", "МЕГАСЕФ" и некои други помали фирми.

Демографија[уреди]

Според статистика од 1900 г. во Горни Косел живееле 300 жители, А во Долни Косел 30 и сите се Македонци. По последниот попис на населението во 2002 г. во Косел живеат 586 жители од кои 576 се Македонци, 6 Срби и 4 се искажале од некоја друга националност. Дел од населението се вработени во разни фирми, а дел се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Општествени институции[уреди]

Администрација и политика[уреди]

Во периодот од 1996 до 2005 во Косел самостојно егзистира општина Косел. Таа зафаќаше површина од 200 км2 на кои се распоредени 12 населени места во кои живее исклучиво Македонско население. Во оваа општина спаѓаа селата: Косел, Куратица, Вапила, Ливоишта, Сирула, Расино, Скребатно, Опеница, Завој, Свиништа, Речица и Плаќе. За овој период во два мандати градоначалник на оваа општина беше г. Драган Тодороски. Во тоа време многу се направи за развојот на оваа општина, од она што беше заборавено со децении на назад.

Зградата од општината Косел сега ја користи општина Охрид со неколку нејзини канцеларии и администрации.

Kosel zname.gif Знамето на с.Косел

Културни и природни знаменитости[уреди]

Сулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. Претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност.Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид добила статус на природна реткост. Упатените сметаат дека коселскиот “вулкан“ недоволно е искористен и наместо туристичка атракција, тој денес претствува депонија.

„Косел во поранешна Југославија се учеше во учебниците по географија за основно образование како ретка геолошка појава, опишувана како единствениот активен вулкан на Балканот. Всушност, станува збор за раседна пукнатина, или пукнатина во подлабоките слоеви на земјата од која на земјината површината избиваат гасови од подлабоките слоеви. Тоа е последица од вулканската активност што се случувала на територијата на денешна Република Македонија пред еден,два или пет милиони години, за која сведочат некои ридови во Кумановско-кратовскиот регион. Станува збор за уникатна појава, можеби единствена на Балканот од тој вид, иако такво нешто има и во Романија. Значи, од научен аспект, ова не е вулкан - туку пукнатина од која излегуваат гасови. Тука немало излевање на магма на површината“ - д-р Драган Калчаковски, професор на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Kosel vulkan 2.JPG Kosel vulkan 1.JPG

Редовни настани[уреди]

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

ФК Вулкан (Косел)

Иселеништво[уреди]

Надворешни врски[уреди]