Велестово
| Велестово | |
Поглед кон Велестово на Галичица |
|
| Координати | |
| Општина | Општина Охрид |
| Население | 53 |
| Надморска височина | 1246 |
Велестово е село во Општина Охрид[1].
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Од Охрид, селото Велестово е одалечено 4 до 5 км. Се оди по асвалтиран пат. Местоположбата на селото од каде има прекрасен поглед на езерото и градот Охрид придонеле ова село да биде атрактивно за купување на земја и изградба на современи викенд куќи.
Историja [уреди]
Економија [уреди]
Оние жители кои остануваат во селото преку целата година во најголем број се пензионери, а неколку жители се занимаваат и со овчарство. Приходите кои ги остваруваат од одгледувањето на овци и производство на сирење.
Демографија [уреди]
Изминативе дваесеттина години поголем дел од сопствениците ги продавале своите ниви на луѓе кои ги привлекла убавината на селото. Новите куќи се користат повремено најчесто во летниот период. Мал број жители од 7 - 8 домаќинства постојано живеат во селото. Според пописот во 2002 година селото брои 53 жители и тоа сите постари од 15 години. Барајќи подобри услови за живот се преселиле најчесто во селото Рача и во Охрид.
Општествени институции [уреди]
Цркви и манастири [уреди]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - од XIV век.
- Црква „Света Троица“ -главна манастирска црква на истоимениот манастир. Темелите се осветени во 1986 година, осветена на 21. јули 1989 година
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Редовни настани [уреди]
Личности [уреди]
- Славе Ѓорѓо Димоски (р. 1959) - македонски поет
- Дубравка Киселички - македонска актерка
Култура и спорт [уреди]
Секоја година тука се одржува поетски уметнички собир под отворено небо и му се посветува на оригинален, интелектуален, современ поет. Поетската ноќ во Велестово има и изложба на скулптури и за уметниците е инспиративна средба чија вредност е во нејзината неинституционалност и спонтаноста. До сега се одржани преку 20 средби.
Иселеништво [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Панов, Митко (1998) (на македонски). „Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја“. Скопје: Патрија. ISBN 9989862001.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Велестово“ |
|
|||||||