Ѓорги Климоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорги Миланов Климоски (16 октомври 1924 во Велестово, Охридско — 21 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓорги Миланов Климоски е роден на 16 октомври 1924 година во селото Велестово. Се занимавал со земјоделство. Ја напушта бугарската окупаторска војска на 9 септември 1944 година и стапува во Втората македонска ударна бригада. Загинува како борец на Сремскиот фронт во борбите што ги води бригадата со германските и усташките сили на позицијата кај Славонска Пожега, на 21 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)