Горица (Охридско)

Координати: 41°5′4″N 20°47′49″E / 41.08444° СГШ; 20.79694° ИГД / 41.08444; 20.79694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горица

Поглед на Горица од Самуиловата тврдина

Горица во рамките на Македонија
Горица
Местоположба на Горица во Македонија
Горица на карта

Карта

Координати 41°5′4″N 20°47′49″E / 41.08444° СГШ; 20.79694° ИГД / 41.08444; 20.79694
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Шифра на КО
Надм. вис. 730 м

Горица — летувалиште и поранешно село на брегот на Охридското Езеро, 2-3 км југоисточно од Охрид. Денес влегува во административните граници на градот.

Географија[уреди | уреди извор]

Местото се наоѓа на возвишениот полуостров Горица, кој бил обесшумен на крајот на XIX век по заповед на Џеладин-бег. По Втората светска војна ридот е повторно пошумен.

Историја[уреди | уреди извор]

При изградбата на касарни во 1925 г. на полуостровот се пронајдени ара (олтар) со старогрчки натпис од римско време и остатоци од средновековна црква со некропола.[1] Оваа црква, сместена на северното ритче, е една од трите најстари триконхални цркви во Охридско, посветена на Свети Илија (заедно со „Св. Климент и Пантелејмон“ од 893 г. и неидентификуваната „Св. Благовещение“ (меѓу 894 - 916). Селото Горица за првпат се споменува на натписот во црквата „Св. Стефан Панцир“ во Шипокно, кој датира од XVI век.[2]

Во османлискиот пописен дефтер за Охридската нахија од 1536 – 1539 г. Горица е наведена со 29 христијански семејства и 3 неженети лица.[2] Во дефтерот за нахијата од 1582 – 1583 г. се води со 13 христијански семејства и 2 неженети лица. Опишан е и далјанот Горица со шамак, кој давал годишен приход од 1500 акчиња. Црквата „Св. Стефан“, која претходно „била владение на калуѓерите“, тогаш била во владение на Ахмед Караѓоз и приходите од неа се додадени кон приходите од селото Горица.[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Горица (Goritza) било село со 4 домаќинства сочинети од 18 жители Македонци.[4][5]

Во 1892 г. Бранислав Нушиќ ја опишал Горица како „мало село со вкупно четири христијански куќи“.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горица живееле 14 Македонци-христијани.[4][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[7]

На почетокот на XX век целото население на Горица било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 24 Македонци, сите под егзархијата.[4][8]

Подоцна на територијата на селото се изградени хотели, други туристички сместувања. Местото има плажа и пристаниште кои го носат неговото име.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Панде Тасе(в)ски (1888 – ?) — борец во Балканските војни[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 255, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 2,0 2,1 Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имињата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 138.
  3. 3,0 3,1 Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имињата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 139.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 100–101. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 252. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 162–163.
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 694. ISBN 954-9800-52-0.