Вишни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вишни
Вишни се наоѓа во Македонија
Вишни
Вишни (Македонија)
Координати 41°11′35″ СГШ 20°35′56″ ИГД / 
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Општина Струга
Население 14 жит.
Надм. височина 921 м
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“

Вишни е село во Општина Струга. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 14 жители.

Географиja и местоположба[уреди]

Селото Вишни се наоѓа 7 километри од градот Струга, сместено во источните делови на планината Јабланица на 921 метар надморска височина. До него се стигнува по магистралниот пат од Струга што води кон граничниот премин Ќафасан.

Историja[уреди]

Легендата вели дека селото било изградено кога Османлиите владееле во Македонија. На местото на денешното село, тогаш немало ништо. Преданието вели дека кога жителите на Радожда бегале од зулумот на башибозукот и на турскиот аскер, се криеле во планината. Таму почнале да градат куќарки и го направиле Вишни. Кога селаните ќе ги прашал некој каде живеат, кусо одговарале - на висон, на високо, на вишнине. Од таму доаѓа името Вишни и не е поврзано со овошје.

На крајот на 19 век, селото било дел од Струшката нахија на Отоманската Империја. Според податоците од 1873 година, селото имало 465 жители мажи. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 600 жители Македонци христијани и 20 Албанци.[1] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало население од 640 жители христијани Македонци.[2]

Демографија[уреди]

Според пописот од 2002 година селото броело 14 жители, сите Македонци.

Општествени институции[уреди]

Цркви
  • Црква „Св. Петка“ - камен-темелник осветен и поставен на 29 јули 2006 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а осветена е на 28 јули 2007 година, со благослов на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион[3]

Личности[уреди]

  • Професор д-р Павле Митрески, историчар.

Иселеништво[уреди]

Голем дел од населението на селото е иселено во Европа и Америка. Во соседството, околу стотина фамилии живеат и работат во Србија, Хрватска и Словенија.

Наводи[уреди]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  2. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 184-185.
  3. „Осветување на нова црква во село Вишни - струшко“ (на македонски). МПЦ - ОА. 30 јули 2007. http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=2203. конс. 17 октомври 2010. 

Поврзано[уреди]

Портал „Македонија

Надворешни врски[уреди]