Црно Боци

Координати: 41°29′3″N 20°34′2″E / 41.48417° СГШ; 20.56722° ИГД / 41.48417; 20.56722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црно Боци

Воздушен поглед на селото Црно Боци

Црно Боци во рамките на Македонија
Црно Боци
Местоположба на Црно Боци во Македонија
Црно Боци на карта

Карта

Координати 41°29′3″N 20°34′2″E / 41.48417° СГШ; 20.56722° ИГД / 41.48417; 20.56722
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 30 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 850 м
Црно Боци на општинската карта

Атарот на Црно Боци во рамките на општината
Црно Боци на Ризницата

Црно Боци (понекогаш како Црнобоци) — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Селото е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја[уреди | уреди извор]

Црно Боци некогаш било маало на селото Баланци, но во 1965 година добило статус на посебно село.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е заеднички со соседните Бајрамовци и Оџовци и зафаќа простор од 1,7 км2.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
197159—    
198142−28.8%
ГодинаНас.±%
199149+16.7%
199449+0.0%
200240−18.4%
202130−25.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 34 жители муслимани (Македонци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 434 жители, од кои 84 жители Македонци христијани и 350 Македонци-муслимани.[6]

Селото е мало, населено со турско население. Тоа, во 1961 година броело 59, а во 1994 година 49 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Црно Боци броело 40 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Турци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 434 [б 1] [б 1] [б 1] 59 42 49 49 40 30
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Црно Боци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0564 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бајрамовци.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 326 гласачи.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 315.
  4. Панов, Митко (1993). Селата во Република Македонија: состојби, проблеми и можни правци во развојот на селската средина. НИО „Студентски збор“. стр. 124.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/75-731. Посетено на 21 јануари 2023. Отсутно или празно |title= (help)
Забелешки
  1. 1,0 1,1 1,2 Податоците за населените места Оџовци, Бајрамовци и Црно Боци, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Баланци.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]