Буринец

Координати: 41°23′43″N 20°37′1″E / 41.39528° СГШ; 20.61694° ИГД / 41.39528; 20.61694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Буринец

Поглед на селото Буринец

Буринец во рамките на Македонија
Буринец
Местоположба на Буринец во Македонија
Буринец на карта

Карта

Координати 41°23′43″N 20°37′1″E / 41.39528° СГШ; 20.61694° ИГД / 41.39528; 20.61694
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Малесија
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26045
Надм. вис. 1.020 м
Буринец на општинската карта

Атарот на Буринец во рамките на општината
Буринец на Ризницата

Буринец — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Стогово.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Порловец“ во 1583 година. Името потекнува од личното име „Бурин“ или од „Бохор“. Други извори даваат објаснување и дека потекнува од личното име „Бурја“. Покрај објаснувањата за личните имиња, Видоески наведува дека името потекнува „бура“, односно силна вода, поројна вода.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните огранки на планината Стогово.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во минатото претставувало издвоено маало на селото Селци.

Во XIX век, Буринец било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 27,9 км2 (заедно со селото Буринец). На него преовладуваат шумите на површина од 1.895 хектари, на пасиштата отпаѓаат 844 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[3]

Селото има сточарско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Буринчани околу 1938 година
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948152—    
1953148−2.6%
196136−75.7%
19710−100.0%
19812—    
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
20211—    

Според весникот „Дебарски глас“ од 1911 година, Селци-Буринец имало 150 жители Македонци христијани.[4]

Селото е целосно раселено по 1982 година, кога што броело двајца жители, Македонци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Буринец немало жители.[6]

Во 2018 година бил забележан еден постојан жител во селото.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото Буринец живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 152 148 36 0 2 0 0 0 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Буринец било чисто македонско православно село, кое денес е раселено.

Родови во селото биле следните: Калиновци (4 к.), Душковци (2 к.), Мојсовци (1 к.), Кочковци (1 к.) и Глогуњовци (1 к.), овие родови биле староседелски; Чадиновци (4 к.), доселени однекаде; Торбовци (5 к.), Пеповци (3 к.) и Старковци (3 к.), доселени се од некогашното село Бурлица, кое постоело во Малесија и Сиљановци (1 к.), доселени се од селото Лисолај, Битолско.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Буринец, се наоѓале и селата Дренок, Модрич, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Буринец било дел од некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[14] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Бурлица — населба од доцниот среден век
  • Кале — утврдена населба од железно време и средниот век
  • Црквиште — сакрален објект од средниот век век
Цркви[17]
Споменици
  • Споменик за загинатите борци во НОБ

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Буринец
Починати во Буринец

Иселеништво[уреди | уреди извор]

  • Целосно е иселен родот Гргуловци, кои немаат повеќе куќи во селото, во 1904 година се иселиле во селото Горенци, а биле доселени од Вучитрн;
  • Од Калиновци иселеници има во Јабука, Војводина (едно семејство, од 1946 година);
  • Од Душковци иселеници има во Лом, Бугарија (пет семејства, од 1904 година, едно од таму се иселило во САД);
  • Од Кочковци иселеници има во Видин, Бугарија (едно семејство, од 1904 година), САД (две семејства, од 1920 година), Ресен (едно семејство, од 1935 година) и во Скопје (едно семејство, од 1935 година);
  • Од Глогуњовци иселеници има во САД (две семејства, од 1920 година), Бугарија (пет семејства, од 1921 година, иселени во околината на Враца), Охрид (едно семејство, од 1928 година), Скопје (две семејства, од 1934 година) и во Жабјани, Прилепско (едно семејство, од 1945 година);
  • Од Чадиновци иселеници има во Селци (2 семејства, како домазет кај Србиновци), Охрид (едно семејство, од 1923 година) и во Скопје (едно семејство, од 1924 година);
  • Од Торбовци иселеници има во Лом, Бугарија (две семејства, од 1923 година), Враца, Бугарија (три семејства, од 1933 година), Скопје (пет семејства, од 1937 година) и во Дебар (едно семејство, од 1942 година);
  • Од Пеповци иселеници има во Лом, Бугарија (едно семејство, од 1921 година), Дебар (едно семејство, од 1918 година) и во Скопје (едно семејство, од 1930 година);
  • Од Стакаровци иселеници има во Скопје (едно семејство, од 1943 година); и
  • Од Сиљановци иселеници има во Лом, Бугарија (три семејства, од 1904 година) и во Скопје (две семејства, од 1922 година).[12]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 84.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 8 октомври 2018.
  4. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 октомври 2018.
  7. Трајковски, Мики (6 март 2018). „Успешно евакуиран единствениот жител на струшкото село Буринец“. Глас на Америка на македонски јазик. Посетено на 8 октомври 2018.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6 (1953).
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 октомври 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 8 октомври 2018.
  15. „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 8 октомври 2018.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]