Џепин

Координати: 41°14′52″N 20°44′17″E / 41.24778° СГШ; 20.73806° ИГД / 41.24778; 20.73806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Џепин
Џепин во рамките на Македонија
Џепин
Местоположба на Џепин во Македонија
Џепин на карта

Карта

Координати 41°14′52″N 20°44′17″E / 41.24778° СГШ; 20.73806° ИГД / 41.24778; 20.73806
Општина Струга
Население 122 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 26024
Надм. вис. 746 м
Џепин на општинската карта

Атарот на Џепин во рамките на општината
Џепин на Ризницата

Џепин — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Џепин се наоѓа северно од градот Струга, западно од Корошишта и источно од Делогожди.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Охридската каза во Струшката нахија во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194867—    
1953106+58.2%
1961144+35.8%
1971189+31.2%
1981311+64.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994345—    
2002424+22.9%
2021122−71.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Џепин имало 12 жители, сите Македонци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, селото брои 424 жители, од кои 423 Албанци и 1 останат.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 122 жители, од кои 119 Албанци и 3 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 12 67 106 144 189 311 0 345 424 122
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Џепин е албанско село.

Родови во Џепин се: Бафтијари (5 к.) и Камбери (3 к.) доселени се од соседното село Делогожди, они се први доселеници; Велију (13 к.) доселени се исто така од Делогожди, одма после претходните родови, го знаат следното родословие: Верит (жив на 65 г. во 1980 година) Реџеп-Емин-Велију, основачот на родот кој се доселил. Нивното подалечно потекло е од Дебарско; Делогождани (7 к.), Корошиштани (4 к.) и Песочани (2 к.). Првите се доселени од селото Делогожди, вторите од селото Корошишта, а третите од селото Песочани, Дебрца.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]