Крушица (Светиниколско)

Координати: 41°54′55″N 21°49′25″E / 41.91528° СГШ; 21.82361° ИГД / 41.91528; 21.82361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крушица
Крушица во рамките на Македонија
Крушица
Местоположба на Крушица во Македонија
Крушица на карта

Карта

Координати 41°54′55″N 21°49′25″E / 41.91528° СГШ; 21.82361° ИГД / 41.91528; 21.82361
Регион  Вардарски
Општина Свети Николе
Област Овче Поле
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 24018
Надм. вис. 607 м
Крушица на општинската карта

Атарот на Крушица во рамките на општината
Крушица на Ризницата

Крушица — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948331—    
1953300−9.4%
1961266−11.3%
1971171−35.7%
198176−55.6%
ГодинаНас.±%
199130−60.5%
199431+3.3%
200222−29.0%
20215−77.3%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Крушниче и било христијанско, каде имало 21 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 80 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 178 жители.[2]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Крушица имало 230 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Крушица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Крушица живеат 22 жители, сите Македонци.[5]

Според пописот од 2021 година, во селото Крушица живеат 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 320 331 300 266 171 76 30 31 22 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Крушица е македонско село.

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Чаршамовци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се во втората половина на XVIII век од гостиварското село Дуф; Пичевци (10 к.) доселени се од некое село во сливот на Бабуна (Велешко); Соколовци (11 к.) доселени се од селото Буриловци. Изгледа таму биле староседелци; Дупкаровци (7 к.) доселени се од селото Макреш. Го знаат следното родословие: Трајко (жив на 83 г. во 1957 година) Дине-Китан, се доселил дедото на Китан, чие име жителите на овој род не го памтам, во Макреш најверојатно биле староседелци; Колевци (7 к.) доселени се од некое село во Кратовско; Убавелевци (2 к.) доселени се од Македонска Каменица; Коларовци (1 к.) доселени се од соседното село Алакинци. Порано овој род имал (7 к.), но се смалил поради изумирање и иселување.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1690 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Верски објекти
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Македонските иселеници од Крушица воглавно се иселувале кон Скопје. Таму има иселеници од разни погоре набројани родови.[10]

Ѓошо се иселил во Новачани кај Велес. Таму се иселил како домазет во 1920 година.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 207
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 114-115.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 10,2 Трифуноски, Јован (1962). Овчеполска Котлина.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]