Водоврати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водоврати
Водоврати во рамките на Македонија
Водоврати
Местоположба на Водоврати во Македонија
Водоврати на карта

Карта

Регион  Вардарски
Општина Градско
Население 361 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29013
Водоврати на општинската карта

Атарот на Водоврати во рамките на општината
Водоврати на Ризницата

Водоврати — село во Општина Градско, во околината на градот Неготино.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Водоврати се наоѓа во областа Клепа, оддалечено 24 километри северно од Кавадарци, 25 километри северозападно од Неготино, 27 километри јужно од Велес и 6 километри западно од општинскиот центар Градско.

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948554—    
1953652+17.7%
1961346−46.9%
1971414+19.7%
1981399−3.6%
ГодинаНас.±%
1991374−6.3%
1994319−14.7%
2002379+18.8%
2021361−4.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[2]

На пописот од 2002 година, селото имало 379 жители.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 361 жител, од кои 63 Македонци, 9 Албанци, 24 Турци, 101 Ром, 131 Бошњак, 10 останати и 23 лица без податоци.[4]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 ... 554
1953 5 635 6 5 ... 1 652
1961 1 11 298 ... ... 5 ... 31 346
1971 89 20 109 6 ... 3 ... 187 414
1981 87 39 13 6 ... 254 399
1991 84 10 17 34 3 ... 226 374
1994 57 10 16 48 3 ... 185 319
2002 60 13 16 79 4 192 15 379
2021 63 9 24 101 131 10 23 361

Жителите кои се попишани како останати, всушност се Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 немало можност за самоопределување на бошњачки народ.

Родови[уреди | уреди извор]

Ова село било во минатото целосно муслиманско, а и сега преовладуваат муслимански родови во селото.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:

  • Муслимански родови: Крмовци (7 к.), Кудовци (22 к.), Фејзовци (8 к.), Максудовци (9 к.), Месковци (16 к.), Спајиовци (8 к.), Шајиновци (16 к.), Џемовци (5 к.), Беќировци (9 к.), Мутевци (8 к.), Оџевци (3 к.), Екшовци (5 к.), Халимовци (7 к.), Јачевци (2 к.) и Аџијовци (3 к.) сите наведени родови во селото биле староседелски; Арнаутчевци (19 к.) се делат на Муаремовци, Абдијовци и Саитовци. Нивното потекло е албанско. Доселени се на почетокот од XVIII век од околината на Колоња во јужна Албанија; Маџировци (1 к.) доселени се во 1878 година од Ловеч во Бугарија; Писовци (1 к.) доселени се од селото Виничани во 1900 година.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2224 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Видин — населба од бронзено и раноантичко време, каде бил древномакедонскиот град Аргос
  • Водовратски Пат — некропола од бронзено и железно време
  • Главје — населба од неолитско време
  • Мелништа — населба и некропола од доцноантичко време
  • Црква — црква и некропола од средниот век
  • Црквиште — осамен наод од римско време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  6. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  7. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]