Куклица

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Куклица
Kuklica 01.JPG

Во село Куклица

Куклица се наоѓа во Македонија
Куклица
Куклица (Македонија)
Координати 42°06′16″ СГШ 22°03′08″ ИГД / 
Регион Средорек
Општина Општина Кратово
Население 97
Надморска височина 450
Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg
Камените кукли

Куклица е село во Општина Кратово.

Содржина

Географиja и местоположба [уреди]

Куклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово. Сместено е на десната долинска страна на Крива Река, во нејзиното средно сливно подрачје, на надморска височина од 430 до 700 метри. Атарот се протега на простор од 13.7 км². На него обработливото земјиште зафаќа простор од 468 ха, пасиштата 757 ха, а шумите заземаат 81 ха. Селото има полјоделска функција.

Историja [уреди]

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица.

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.

Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква "свадба" нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина. Нешто слично има само во Србија, во местото Ѓавоља Варош.

Локалното население кажува дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно маало, двата локалитета што се поделени со еден рид, никнува по една нова фигура. "Највпечатливи се невестата и младоженецот, кои се придружени од деверот и деверицата. Тие се најголеми и се гледаат еден со друг в очи", кажуваат селаните.


Економија [уреди]

Демографија [уреди]

Селото Куклица е од раштркан тип со повеќе маала. Во последно време тоа е во процес на брза депопулација, така што од 532 жители во 1953 година, бројот на население опаѓа на само 116 жители во 1994 година.

Општествени институции [уреди]

Администрација и политика [уреди]

Културни и природни знаменитости [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Камени Кукли.

Куклица е позната по карактеристичните ерозивни форми наречени земјени пирамиди или камени кукли. Овие форми се наоѓаат на десната долинска страна на Крива Река, поточно на еродираниот дел од нејзината речна тераса, на надморска височина од 415-420 метри. Целата појава е распространета на површина од околу 0,3-0,4 km². Има две групи на земјени пирамиди: оние во централниот дел на малата депресија во подножјето на ридот Дубица се поголеми (високи до 10 м), самостојни и во вид на земјени столбови; на исток (десно) од претходните, по страните на возвишението Забел се распоредени помали форми (високи до 5 м), блиску една до друга и често споени во подножјето. Поради интересниот изглед на големите земјени столбови кои наликуваат на човечки фигури наредени како „скаменети свадбари“, целата појава локалното население ја нарекува „Весела свадба“.[1]

Редовни настани [уреди]

Личности [уреди]

Култура и спорт [уреди]

Иселеништво [уреди]

Наводи [уреди]

  1. „Земјани пирамиди во Куклица-Кратовско. Географски разгледи кн. 35“, Милевски И., Скопје, 2000

Надворешни врски [уреди]

За земјените пирамиди во Куклица