Тополчани

Координати: 41°13′42″N 21°25′53″E / 41.22833° СГШ; 21.43139° ИГД / 41.22833; 21.43139
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимената поранешна општина, видете Општина Тополчани.
Тополчани
Тополчани во рамките на Македонија
Тополчани
Местоположба на Тополчани во Македонија
Тополчани на карта

Карта

Координати 41°13′42″N 21°25′53″E / 41.22833° СГШ; 21.43139° ИГД / 41.22833; 21.43139
Регион  Прилеп
Општина Прилеп
Население 310 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7512
Шифра на КО 20103
Надм. вис. 600 м
Слава Спасовден
Тополчани на општинската карта

Атарот на Тополчани во рамките на општината
Тополчани на Ризницата

Тополчанисело во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп. До 2004 година, селото било административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Прилеп.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Според жителите, селото Тополчани најпрво се нарекувало Плочани бидејќи луѓето тука изработувале камени плочи кои ги продавале во Битола.[2] Ова занимање постоело до 1912 година. Од старото име Плочани настанало официјалното денешно име Тополчани.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во прилепскиот дел на областа Пелагонија, во јужниот дел на Прилепското Поле, од левата страна на Црна Река. Селото е издолжено во правец северозапад-југоисток. Во селото постојат четири маала: Горно, Степаноско, Долно и Илиоско Маало. Селото Тополчани е сместено во југозападниот дел на Општина Прилеп, низ него минува магистралниот пат А3, односно делницата Прилеп - Битола и во селото се наоѓа црквата „Вознесение Христово“. Тополчани е рамничарско село, расположено на надморска височина од 600 метри и од градот Прилеп е оддалечено околу 20 километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Српски превод на писмото од 1907 г. кое војводата Павле Наумов им го испратил на луѓето од село Тополчани, во кое вели дека не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци.
Фреска на Св. Кирил од црквата „Вознесение Христово“ во Тополчани.

Подрачјето на селото е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Чука недалеку на југозапад.[3]

Првиот помен за Тополчани потекнува од првата половина на XVII век.[2] Се споменува дека ајдуците нападнале некој чифлик во ова село. Кон крајот на турското ропство во Тополчани постоеле три чифлици, чии сопственици биле Риза-бег, Усеин-ага, а името на третиот сопственик е заборавено.[2] Неговиот чифлик го купил некој христијанин од Прилеп. Овој чифлик се нарекувал Вукароски. По 1912 година, со купување и со аграрната реформа, земјата преминала во рацете на жителите.[2]

Во XIX век, Тополчани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948745—    
1953785+5.4%
1961929+18.3%
1971857−7.8%
1981757−11.7%
ГодинаНас.±%
1991565−25.4%
1994505−10.6%
2002449−11.1%
2021310−31.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тополчани живееле 360 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 440 Македонци, патријаршисти.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тополчани е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]

Селото во 1961 година броело 929 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 505 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Тополчани живееле 449 жители, сите Македонци.[8] Од нив 243 биле мажи, а 206 жени.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 297 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 10 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 440 745 785 929 857 757 565 505 449 310
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Тополчани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

  • Староседелци: Степановци (10 к.), Илиовци (7 к.), Трпковци (6 к.), Шиклевци (5 к.), Шуплиновци (4 к.), Китевци (2 к.), Јандревци (5 к.) и Коруновци (2 к.). Родовите Јандревци и Коруновци се деленици од родот Трпковци.
  • Доселеници: Калaмуковци (4 к.), Петанчевци (6 к.), Вузевци (3 к.), Јанчевци (3 к.), Радичовци (4 к.), Караџовци (2 к.), Станковци (2 к.), Бојковци (2 к.), Балабановци (4 к.) и Пројчевци (4 к.) доселени се однекаде; Чапкуновци (7 к.) доселени се од селото Лознани; Чагоровци (4 к.) доселени се од Чагор; Зацевци (2 к.) за нив се вели дека секаде скитале, доселени се од Лознани; Ѓоргијовци (3 к.) доселени се однекаде; Беговци (3 к.) и тие се доселени однекаде; Карабелевци (4 к.) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде; Кожуваровци (2 к.) доселени се однекаде; Козаровци (1 к.) доселени се од Горно Алинци и Роглевци (2 к.) доселени се од Битола, а пред тоа живееле во други села.[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Грб на поранешната Општина Тополчани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1500 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на работнички универзитет.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 320 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Крива Врба — населба од римско време
  • Чука — населба и јами од неолитот и средниот век
  • Џаферица — депо на монети од римско време
  • Селиште — населба од непознат период

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 137.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. 8,0 8,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]