Присад
Присад | |
Сокак во Присад | |
Координати 41°24′57″N 21°36′18″E / 41.41583° СГШ; 21.60500° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20087 |
Присад на општинската карта Атарот на Присад во рамките на општината | |
Присад на Ризницата |
Присад — село во Општина Прилеп.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во почетокот на XX век во селото Присад живееле околу 350 жители.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Присад се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 37 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 г. во Присад живеат само 5 жители и селото е во фаза на изумирање.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 240 | 310 | 297 | 204 | 95 | 48 | 9 | 9 | 5 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
[уреди | уреди извор]Присад е македонско село.
Родови во Присад се:
- Староседелци: Бластевци (1 куќа), Терзиовци (3 куќи) и Кочовци (2 куќи)
- Доселеници: Беќаровци (2 куќи), Мечкаровци (1 куќа), Шејтановци (1 куќа), Скуревци (1 куќа), Тодоровци (4 куќи), Лазоровци (4 куќи), Јанкуловци (2 куќи), Илијовци (2 куќи) и Јанковци (1 куќа) доселени се, но не знаат од каде; Шемковци (2 куќи) доселени се околу 1900 година од тогаш уништеното село Црници на планината Клепа (сливот на Бабуна); Петковци (2 куќи) доселени се од селото Бела Црква, таму имаат роднини подалечно потекло од селото Смилево во Железник.[9]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1442 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Личности починати во Присад:
- Ило Ганчев Стојанов (1924-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |