Прејди на содржината

Загорани

Координати: 41°15′48″N 21°26′3″E / 41.26333° СГШ; 21.43417° ИГД / 41.26333; 21.43417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Загорани

Поглед на селото Загорани од пругата Прилеп - Битола

Загорани во рамките на Македонија
Загорани
Местоположба на Загорани во Македонија
Загорани на карта

Карта

Координати 41°15′48″N 21°26′3″E / 41.26333° СГШ; 21.43417° ИГД / 41.26333; 21.43417
Регион Прилепско Поле
Општина  Прилеп
Население 102 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20039
Загорани на општинската карта

Атарот на Загорани во рамките на општината
Загорани на Ризницата

Загорани — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, во областа Пелагонија, оддалечено 17 километри југозападно од градот Прилеп, во близина на делницата Битола-Скопје. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрчајето на Загорани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Тумба на височинка недалеку од селото.[2]

Не се знае точно кога е формирано денешното село Загорани. За најстар род во селото се сметаат Мицковци кои се делат на: Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци.[3] За време на турското ропство половина од атарот со најдобра земја била чифлишка. Сопственици биле: Мустафа-бег од Битола, Ариф Афуз, Чатал и Имер Манче од Прилеп, Јашар и Салија од Трновци.[3] Другата половина од земјата припаѓала на жителите. По 1912 година жителите ја откупиле чифликсајбиската земја, а некои ја добиле со аграрната реформа.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948445—    
1953480+7.9%
1961546+13.7%
1971455−16.7%
1981394−13.4%
ГодинаНас.±%
1991269−31.7%
1994190−29.4%
2002108−43.2%
2021102−5.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Загорани живееле 200 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Загорани имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Загорани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година селото Загорани брои 108 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 100 Македонци и 2 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 144 445 480 546 455 394 269 190 108 102
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Загорани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Родови во Загорани се:

  • Староседелци: Мицковци (24 куќи) се делат на Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци. старото презиме им е Славковци по најстариот познат предок. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 65 г. во 1951 година) Тасе-Стојан-Васил-Мицко-Славко.
  • Доселеници: Јанчевци (6 куќи) потеклото им е од селото Тополчани, а некое време живееле и во Канатларци и Веселчани, во Тополчани им се род Коруновци и Трпковци; Ризовци (6 куќи) доселени се од Тополчани; Филиповци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде, и влегол во родот Мицковци; Брсјаковци (2 куќи) доселени се од некое село во Железник; Бозовци (6 куќи) доселени се од Боротино, пред тоа живееле и на други места; Јанкуловци (2 куќи) доселени се во 1903 година од селото Врбјани, таму се викале Божиновци, и имаат роднини доселени од Кореница; Ѕвездаковци (2 куќи) доселени се однекаде; Ѓоковци (5 куќи) доселени се однекаде за време турско.[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1502 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
Манастири
Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Пилковци, Кадинци и Дамевци иселени се во Пашино Рувци. Ѕвездаковци иселени се во Кореница. Лозановци иселени се во Бучин. Мицковци иселени се во Кадино Село. Џанговци и Брсјаковци иселени се во Боротино.[3]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 300. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Црква „Свети Никола", село Загорани“. Old Prilep. Посетено на 29 декември 2021.
  17. „Манастир „Свети Никола", село Загорани“. Old Prilep. Посетено на 19 мај 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]