Галичани

Координати: 41°18′18″N 21°28′41″E / 41.30500° СГШ; 21.47806° ИГД / 41.30500; 21.47806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Галичани

Галичани гледано од железничката станица

Галичани во рамките на Македонија
Галичани
Местоположба на Галичани во Македонија
Галичани на карта

Карта

Координати 41°18′18″N 21°28′41″E / 41.30500° СГШ; 21.47806° ИГД / 41.30500; 21.47806
Регион Прилепско Поле
Општина  Прилеп
Население 193 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20019
Слава Св. Атанасиј Летен
Галичани на општинската карта

Атарот на Галичани во рамките на општината
Галичани на Ризницата

Галичани — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Галичани се наоѓа во Прилепско Поле, југозападно од градот Прилеп.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Галичани претставува старо село во Прилепскиот крај. За него постои помен уште од средниот век: се споменува во 1335 година.[3]

При крајот на турското владеење во селото постоеле повеќе чифлици: Османов, Чаталоски, Амет-Ножарски, Ќамиловски, Фаиковски, Раифов, Амди-бегов, Шевет-бегов, Рамзи-бегов, Џемаилов.[4] По 1912 година, жителите ја откупиле земјата од муслиманските сопственици.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948231—    
1953301+30.3%
1961341+13.3%
1971359+5.3%
1981338−5.8%
ГодинаНас.±%
1991270−20.1%
1994253−6.3%
2002251−0.8%
2021193−23.1%

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Каличани и имало 35 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галичани живееле 300 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галичани имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Галичани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]

Галичани е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 341 жител, а во 1994 година 253 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Галичани живееле 251 жител, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 193 жители, од кои 184 Македонци, 1 Албанец и 8 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 200 231 301 341 359 338 270 253 251 193
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови[уреди | уреди извор]

Галичани е македонско село.

Родови во селото се:

  • Доселеници: Јуруковци (5 куќи) доселени се од мариовското село Полчиште. Некој нивен предок (Трајче) седел како измеќар кај некој бег во Канатларци и по тоа го добиле името; Томевци (6 куќи) живееле во Коњари, Кадино Село и Беровци. Овде се доселени крајот на XIX век; Музревци (2 куќи) доселени се во XIX век од селото Кадино Село, подалечно потекло од селото Трап, таму биле старинци; Стевановци (1 куќа) доселени се од Загорани, каде припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од областа Железник; Илијовци (1 куќа) доселени се од Кадино Село, таму припаѓале на родот Самарџијовци доселен од некое битолско село; Бандеревци (6 куќи) и Бетевијовци (2 куќи) доселени се однекаде; Тамбуљевци (6 куќи) и Барлевци (2 куќи) првите се доселени од селото Кадино Село, а вторите од селото Врбоец во 1915 година; Србиновци (1 куќа) и Момировци (1 куќа) порано биле еден род доселени се од поречкото село Белица во 1938 годинаБелица; Костовци (2 куќи) доселени се од поречкото село Манастирец во 1938 година; Димовци (2 куќи), Дејановци (1 куќа) и Милевци (1 куќа) доселени се од поречкото село Могилец во 1938 година.[16]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Галичани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Прилеп.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Прилеп.

Во периодот од 1950 до 1955 година, селото било дел од тогашната општина Старо Лагово, во која поради селото Галичани, се наоѓале и селата Алинци, Беровци, Волково, Мало Рувци, Ново Лагово, Прилепец, Старо Лагово, Чумово и Штавица.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1434 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта[19]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Шумкаровци иселени се во Мажучиште. Барлевци иселени се во Мало Коњари. Черкези, Томевци и Бутрка иселени се во Беровци. Милошевци иселени се во Старо Лагово. Томевци иселени се во Волково.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 198. Посетено на 28 октомври 2019.
  3. Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 333.
  4. 4,0 4,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 334.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 87
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Трифуновски, Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 293. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]