Селце (Прилепско)

Координати: 41°19′32″N 21°34′23″E / 41.32556° СГШ; 21.57306° ИГД / 41.32556; 21.57306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Селце

Панорама на село Селце

Селце во рамките на Македонија
Селце
Местоположба на Селце во Македонија
Селце на карта

Карта

Координати 41°19′32″N 21°34′23″E / 41.32556° СГШ; 21.57306° ИГД / 41.32556; 21.57306
Општина  Прилеп
Население 271 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7515
Шифра на КО 20092
Надм. вис. 750 м
Селце на општинската карта

Атарот на Селце во рамките на општината
Селце на Ризницата

Селце — населба во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

Селце е мало населено место во близина на Прилеп. Наносното земјиште западно од Селце е ниви под тутун, жито и лозја. Стрмната планинска падина источно од селото служи како испаша. Вода за пиење се добива од две чешми. Селце е село од збиен тип. Еден дол го дели селото на Горно и Долно маало. Маалата се состојат од група сроднички куќи. Во селото има вкупно 54 домаќинства (1954 г.). Имињата на потезите западно од селото се: Кула (постоела кула за чување на грозјето), Гарчев дол , Крива река, Дујгас и Селчишта. Називите на потезите над селото се: Попова нива, Скала, Црвени стени, Крстови, Селиште, Дунова нива, Бела чешма, Мал и Голем здравец, Калусовац, Жолт вир, Ветривица, Бачилиште Преслоп, Мечка, Заполшко, Чалма.

На потезот на Мечка југоисточно од Селце 1948 г. селанецот Киро Ацески, нашол мал земјен сад. Во него имало 17 сребрени српски динари од XIV век. Околу 800 метри источно од населбата покрај денешниот манастир Св. Димитрија, се наоѓа потезот Селиште. Таму према традицијата „живееле прадедовците на денешните старински родови. Тоа село имало сè на сè седум куќи. Земјата на која лежи денешно Селце, во тоа доба припаѓала на некој турски бег. На почетокот на XIX век земјата од бегот ја купиле селаните од Селиште. Одма после тоа ја преместиле населбата на денешната локација. Манастирот Св. Димитриј е изграден околу 1918 г. До тогаш тука се наоѓале рушевини од стариот храм. Во 1927 г. на овој манастир селаните му подариле нешто земја. Во Долно маало има црква на Пресвета Богородица изградена од пред околу 100 години. Околу неа има гробишта. Целото население слави црковна слава .

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на Селце

Селото Селце е сместено во северното подножје на Селечка Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 750 m. Селце е село од збиен тип, а еден дол го дели на Горно и Долно маало.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948320—    
1953365+14.1%
1961322−11.8%
1971295−8.4%
1981291−1.4%
ГодинаНас.±%
1991297+2.1%
1994310+4.4%
2002294−5.2%
2021271−7.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селце живееле 120 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Селце имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Селце е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]

Во 2002 година во селото живееле 294 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 271 жител, од кои 262 Македонци, 3 останати и 6 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 400 320 365 322 295 291 297 310 294 271
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Селце е македонско село.

Родови во Селце се:

  • Староседелци: Кочовци (10 куќи), Кецуљовци (6 куќи), Есенковци (5 куќи) и Утковци (5 куќи)
  • Доселеници: Зајковци (6 куќи) доселени се од Мариово; Пашовци или Лолевци (1 куќа) доселени се однекаде; Митревци (10 куќи) доселени се од некое село во Железник; Ќуфтевци (4 куќи) доселени се од Дупјачани, таму им се род Белковци, подалечно потекло од Будаково; Опеловци (2 куќи) доселени се од Беловодица; Велковци (1 куќа) доселени се од Чумово; Маријовци (3 куќи) доселени се од мариовското село Кокре; Димитрија (1 куќа) доселен од Кајлари во 40-тите на 20 век.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1440 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 233 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирот „Св. Димитрија“

Во близина на ова прекрасно прилепско село, во подножјето на планината Селечка, позади месноста викана Шаторов камен се наоѓа Манастирскиот комплекс посветен на св.в-мч. Димитриј Солунски.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

На 28 јули 1904 година четата на Никола Каранџулов била откриена од Турците во околината на прилепското село Селце, во месноста Црвена Стена. Во повеќечасовната нерамна борба, покрај другите, загинал и војводата Никола Каранџулов.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Селце има многу иселеници во Прилеп - околу 30 семејства. Иселениците се гранки на денешните родови, најмногу од родот Есенковци, Митревци, и Пашовци. Околу 15 мажи од ова село засекогаш се иселиле во Северна Америка.

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]