Лопатица (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лопатица
Лопатица во рамките на Македонија
Лопатица
Местоположба на Лопатица во Македонија
Лопатица на карта

Карта

Координати 41°10′46″N 21°35′44″E / 41.17944° СГШ; 21.59556° ИГД / 41.17944; 21.59556Координати: 41°10′46″N 21°35′44″E / 41.17944° СГШ; 21.59556° ИГД / 41.17944; 21.59556
Општина  Прилеп
Население 19 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20060
Надм. вис. 842 м
Лопатица на општинската карта

Атарот на Лопатица во рамките на општината
Лопатица на Ризницата

Лопатица — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија, оддалечено 33 километри јужно од Прилеп. Источно од селото се издига Селечка Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948316—    
1953358+13.3%
1961410+14.5%
1971417+1.7%
1981194−53.5%
ГодинаНас.±%
1991115−40.7%
199480−30.4%
200241−48.8%
202119−53.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица живееле 210 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Лопатица брои 41 жител, сите Македонци[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 18 Македонци и 1 Албанец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 200 316 358 410 417 194 115 80 41 19
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Лопатица е македонско село.

Според истражувањата од 1955 година, родови во селото:

  • Доселеници: Шијаковци (4 к.) тие се најстариот род во селото, коишто го заселиле селото; Поповци (9 к.) однекаде доселени; Грујовци (6 к.) доселени се од Кракоперци, тоа било мало село во близина на селото Шелеверци. Некој паша во Кракоперци земал во војска двајца Македонци, и поради тоа паднала крв, потоа избегале во Охридско, каде некое време живееле, па потоа прешле во селото Мојно, потоа во Ерековци, и на крај во денешното село, го знаат следното родословие: Алексо (жив на 50 г. во 1955 година) Стојан-Здраве-Грујо-Јосиф, основачот на родот; Степановци (8 к.) доселени се од селото Пателе кај Лерин во Егејска Македонија (денес во Грција), се населил Стојан, се знае следното родословие: Атанас (жив на 80 г. во 1950-тите) Степан-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Аџиовци (13 к.) доселени се од мариовското село Градешница, го знаат следното родословие: Гроздан (жив на 50 г. во 1955 година) Петко-Гроздан-Јове, основачот на родот кој се доселил; Колевци (3 к.) доселени се од мариовското село Рожден; Тресиглаовци (2 к.) доселени се од мариовското село Крушевица.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1499 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „ТЕМНА ПЕШТЕРА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО – ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ НА ДРЕВНИ ЖИТЕЛИ СО КУЛТНА СИМБОЛИКА
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 303. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]