Мичак

Координати: 41°44′36″N 22°25′22″E / 41.74333° СГШ; 22.42278° ИГД / 41.74333; 22.42278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мичак
Мичак во рамките на Македонија
Мичак
Местоположба на Мичак во Македонија
Мичак на карта

Карта

Координати 41°44′36″N 22°25′22″E / 41.74333° СГШ; 22.42278° ИГД / 41.74333; 22.42278
Регион  Источен
Општина Карбинци
Област Плачковица
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30037
Надм. вис. 1000 м
Мичак на општинската карта

Атарот на Мичак во рамките на општината
Мичак на Ризницата

Мичак — село во Општина Карбинци, Штипско. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на југозападната падина на планината Плачковица, надморска височина од 1.000 м.[3] Лежи во крајниот југоисточен дел на општината, на границата со Општина Радовиш. Самото село е сместено во една долина, а на север од него се издига возвишението Мичачки Рид[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Мичак живееле 55 Турци.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194828—    
195325−10.7%
196110−60.0%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Мичак било мало, традиционално турско село. Населението почнало да опаѓа во 1950-тите со иселувањето на Турците, за во 1961 г. да се сведе на 10 жители. Во 1960-тите е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Мичак немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 28 25 10 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 198. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Мичачки Рид (10310207) — GeoNames
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]