Прналија (Штипско)

Координати: 41°44′32″N 22°22′54″E / 41.74222° СГШ; 22.38167° ИГД / 41.74222; 22.38167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Прналија
Парналија

Поглед кон селото

Прналија во рамките на Македонија
Прналија
Местоположба на Прналија во Македонија
Прналија на карта

Карта

Координати 41°44′32″N 22°22′54″E / 41.74222° СГШ; 22.38167° ИГД / 41.74222; 22.38167
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 161 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30045
Надм. вис. 980 м
Прналија на општинската карта

Атарот на Прналија во рамките на општината
Прналија на Ризницата

Прналија (понекогаш именувано како Парналија) — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 22 километри.[2]

Во атарот на селото се наоѓа помошната писта на Плачковица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Прналија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 4,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 299 хектари, на пасиштата отпаѓаат 100 хектари, а на обработливото земјиште 58 хектари.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948132—    
1953147+11.4%
1961108−26.5%
197188−18.5%
1981105+19.3%
ГодинаНас.±%
1991158+50.5%
1994148−6.3%
2002197+33.1%
2021161−18.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Парнарли имало 125 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 106 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[5]

Селото е мало и во неа живее исклучиво турско население. Во 1961 година селото броело 108 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 148 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Прналија живееле 197 жители, сите Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 149 Турци и 12 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 125 132 147 108 88 105 158 148 197 161
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на подрачното училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Прналија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Радање и Шашаварлија. Селото било дел од некогашната Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2328 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Вртешка, Ебеплија и Прналија.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 153 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамии[15]
  • Џамија — главна џамија во селото

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 246. Посетено на 14 февруари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 февруари 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 14 февруари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 14 февруари 2021.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]