Пештани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пештани
Galicica to east coast.jpg

Пештани и околината гледани од Галичица

Пештани се наоѓа во Македонија
Пештани
Пештани (Македонија)
Координати 41°00′55″ СГШ 20°48′32″ ИГД / 
Општина Општина Охрид
Население 1326 жит.
Пошт. бр. 6323
Повик. бр. 046/285-xxx
Надм. височина 966 м
Flag of Macedonia.svg Портал „Македонија“


Пештани е село кое е сместено во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското Езеро, 12 km јужно од градот Охрид, и се наоѓа на патот од Охрид за Свети Наум. Во Пештани се наоѓа и централното основно училиште „Св. Наум Охридски“ од 1-9 одд. во кое доаѓаат ученици од околните села.[1] Во училиштето има околу 300 ученици.

Географиja и местоположба[уреди]

Гравура од Христофор Жефаровиќ од XVIII век на која се прикажани: Охрид, Елшани, Пештани, Трпејца и црквата Богородица Заумска

Селото Пештани се наоѓа во подножјето на планината Галичица, на источниот брег на Охридското Езеро, 12 km јужно од градот Охрид.

Историja[уреди]

Б. Нушиќ во 1894 година за Пештани запишал дека во селото постоел еден чифлик кој припаѓал на Мухамед бег и во селото имало 80 куќи.[2] За стари родови во Пештани се сметаат: Азевци, Паљевци, Клишевци, Ќиќевски, Макачовци, Симоновци и Бакуљески.[2]

Економија[уреди]

Во текот на вековите жителите на Пештани се занимавале со риболов и сточарство, но во последниве неколку децении овие стопански гранки се пред замирање.

Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на туризмот и други сродни гранки. Добро се развиени услужните дејности: трговијата, угостителството, сообраќајот. Се градат нови приватни капацитети за сместување гости, како и приватни хотели.

Демографија[уреди]

Сите жители се од македонско етничко потекло, со православна христијанска вероисповед.

Според пописот од 2002, Пештани има 1326 жители[3] од кои:

Националност Вкупно
македонци 1 319
албанци 0
турци 0
роми 0
власи 0
срби 1
бошњаци 0
други 6

Општествени институции[уреди]

Инфраструктура[уреди]

Низ Пештани минува патот за Св. Наум кој преку граничниот премин кај Св. Наум е поврзан со Република Албанија. Пештани е поврзано со автобуска линија Охрид - Св. Наум, со чести поаѓања.

Културни и природни знаменитости[уреди]

Пештани е опкружено со прекрасна природа. На запад се наоѓа Охридското Езеро, а над населбата се издигнува планината и национален парк Галичица.

Многу значајна е пештерската црква Света Богородица(пештанска), а Св. Богоридица е заштитничка на селото. Во самото село Пештани и во неговата околина има седум цркви:Св. Врачи, Св. Ѓорѓија, Св. Никола, Св. Петка, Св. Никола, Св. Троица и Св. Богородица. Од уметнички аспект најзначајна секако е Св. Богородица која воодушевува со својот фрескоживопис. Во близината на Пештани се наоѓало и наколно живеалиште од неолит.

Панорама на Пештани.

Редовни настани[уреди]

Св. Јован Крстител (Водици) на 19 јануари.

Личности[уреди]

Култура и спорт[уреди]

Пештерската црква

Во близината на селото во карпите на источниот брег на Охридското Езеро, се наоѓа познатата пештерна црква посветена на Св. Богородица.

Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаѓа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесеттите години на 14-тиот век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир.

Секоја година во Пештани се одржува меморијалниот турнир во мал-фудбал „Стефан Толески“ во чест на прерано заминатиот фудбалер Стефан Толески. На турнирот учествуваат екипи од регионот. Турнирот започнува на крајот на јули, а завршува на 13 август - роденденот на Стефан Толески.

Туризам[уреди]

Музејот на вода, реконструкција на наколно живеалиште од бронзеното и железното време кај Пештани

Пештани располага со бројни сместувачки капацитети меѓу кои најголем е хотелот „Десарет“.

Постојат голем број ресторани во кои може да се пробаат врвни национални јадења и риба подготвена на автентичен локален начин, да се ужива во специјалитетите на врвните кулинарски мајстори и сето тоа залеено со квалитетни домашни вина. Бројните кафе барови го прават ноќниот живот на туристите во Пештани богат и интересен и нудат добра забава и во доцните ноќни часови.

Извори[уреди]

  1. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  2. 2,0 2,1 Ф. Трифуноски, Јован (1992) (на српски). „Охридско-струшка област“. Српска академија наука и уметности. стр. 154. 
  3. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови

Надворешни врски[уреди]