Административна поделба на Велс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Велс е поделен на на 22 области наречени „главни области“ (англиски: principal areas), почнувајќи од 1996 г.[1] Со нив управуваат избрани совети, во чија надлежност се образованието, социјалата, заштитата на животната средина и највеќето патишта. Во состав на управата постојат и совети на заедниците (community councils) со надлежност врз поединечни сфери.

Монархот назначува свој лорд-намесник (Lord Lieutenant) како негов претставник во секоја од зачуваните грофовии во Велс, кои се целини со церемонијална намена.

Во април 2013 г. е најавено дека организациската поставеност на управата треба да се преработи со комисија, за да се утврди подобар начин на распределба на надлежностите.[2]

Области во Велс[уреди]

Велс е поделен на 22 области (principal areas), создадени во 1996 г. [3] Од нив, 11 се наречени грофовии (counties), а 11 се грофовиски реони (county boroughs), а некои од нив се градови,[4] меѓу кои и Њупорт, прогласен за град (city) во 2002 г..[5][6]

Карта на областите во Велс

Градови[уреди]

Во земјата има вкупно шест града, покрај трите области со статус на град (заедниците Бангор, Сент Дејвидс и Сент Асаф).

Зачувани грофовии[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Зачувани грофовии во Велс.

Во Велс постојат 8 зачувани грофовии (preserved counties), што имаат церемонијална намена (намесништво и сл.) а се засноваат на претходниот административен систем (1972-1996).

Историски грофовии[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историски грофовии во Велс.

Историските грофовии се традиционални целини во земјата кои имале значење низ вековите, како и улога на административни единици од 1889 до 1974 г.

Заедници[уреди]

Најмала административна единица во Велс е заедницата (community). Секоја област е поделена на вакви заедници, кои можат да имаат свои совети, со извесни надлежности на месно ниво, како и претставување на нивните подрачја во поголемите органи. Во помалите урбани места и во градовите се нарекуваат градски совети. Заедниците кои се премали за да имаат совет имаат „собор на заедницата“ (community meeting), кој функционира како непосредна демократија.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Local Government (Wales) Act 1994
  2. Можно отстранување на локалните совети во Велс со преиспитувањето, 19 април 2013BBC Вести, конс. 19 април 2013 (англиски)
  3. Local Government (Wales) Act 1994 (1994 c. 19)
  4. Local Government (Wales) Act 1994, Schedule 1
  5. London Gazette: no. 56573, p. 6160, 21 мај 2002. Retrieved 5 март 2010.
  6. „Градски совет на Њупорт“. Градски совет на Њупорт. 4 декември 2010. http://www.newport.gov.uk/_dc/index.cfm?fuseaction=council.homepage. конс. 5 март 2011.  (англиски)