Зачувани грофовии во Велс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зачувани грофовии
Категорија Намесништва
Место Велс
Создадено од Закон за локалната самоуправа (Велс) 1994 (c. 19)
Создадено 1 април 1996
Број 8 (2008 г.)

Зачуваните грофовии (англиски: preserved counties; велшки: siroedd cadwedig) се области во Велс што служат за церемонијални цели на намесништвото и шерифството. Формирани се на основа на грофовиите воспоставени со Законот за локалната самоуправа од 1972 (Local Government Act 1972),[1] а служеле и за самоуправни и други цели во периодот од 1974 до 1996.

Список на зачувани грофовии[уреди]

Податоците за населението се проценка за средината на 2007 г. на Службата за национална статистика. Составните унитарни управни подрачја се групирани по нивните зачувани грофовии.[2]

Назив Опфаќа Површина (км²) Население
Клуид Конви, Денбишир, Флинтшир, Рексам 2.910 491.100
Дивед Кармартеншир, Кередигион, Пембрукшир 5.780 375.200
Гвент Блајнај Гвент, Карфили, Монмутшир, Њупорт, Торвајн 1.553 560.500
Гвинед Гвинед, Англси 3.262 187.400
Среден Гламорган Бриџенд, Мертир Тидвил, Ронда Кинон Тав 781 423.200
Повис Повис 5.196 132.000
Јужен Гламорган Кардиф, Долина Гламорган 475 445.000
Западен Гламорган Нит Порт Толбот, Свонзи 820 365.500

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]