Гвинед

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гвинед
Gwynedd
Gwynedd UK location map.svg
Географија
Површина
- Вкупно
- % вода
II место
2.548 км2
? %
Админ. центар Карнавон
Најголем град Бангор
ISO 3166-2 GB-GWN
ONS 00NC (ONS)
W06000002 (GSS)
Демографија
Население:
- (2011)
- Густина
 
XIV место
121.900
XX место
47 жит/км2
Народност 99,0% Белци
велшки
- Секое ниво
I место
76,1%

Гвинед (англиски: Gwynedd; велшки: Gwynedd) — област во северозападен Велс, наречена по Кралство Гвинед. Оваа област е втора по големина во земјата и меѓу најретко населените. Голем дел од населението говори велшки јазик. Името Гвинед се однесува и на зачувана грофовија, која ги опфаќа областите Гвинед и Англси. Во културна-историска смисла, името важи за целиот Северен Велс, кајшто се протегало некогашното Кралство Гвинед. Денес површината изнесува 2.548 км².

Најважна висоокбразовна установа во Гвинед е Бангорскиот универзтет во градот Бангор. Најзначајна природна знаменитост е живописниот полуостров Лин и Националниот парк Сноудонија.

Историја[уреди]

Поглед на Тремадошкиот Залив
Грофовијата Гвинед од 1974 до 1996 г. со островот Англси
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кралство Гвинед.

Гвинед бил независно кралство од крајот на римскиот период, па сè до XIII век, кога потпаднал под англиска власт. Денешен Гвинед е еден од осумте грофовии во земјата создадени во 1974 г.[1] врз основа на целините во некогашното кралство. Ги опфаќал старите грофовии Англси, Карнавоншир и Мерионетшир со исклучок на Едејрнион (кој е во Клуид), како и неколку реони во Денбишир: Ланруст, Лансанфрајд Глан Конви, Еглујсбах, Ландогед и Тир Иван.

Познати личности[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Local Government Act 1972

Надворешни врски[уреди]