Брчево

Координати: 41°17′52″N 20°40′23″E / 41.29778° СГШ; 20.67306° ИГД / 41.29778; 20.67306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брчево
Брчево во рамките на Македонија
Брчево
Местоположба на Брчево во Македонија
Брчево на карта

Карта

Координати 41°17′52″N 20°40′23″E / 41.29778° СГШ; 20.67306° ИГД / 41.29778; 20.67306
Општина  Струга
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 26006
Надм. вис. 921 м
Брчево на општинската карта

Атарот на Брчево во рамките на општината

Брчево — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Струшкото Поле. Селото лежи на југозападните падини на Караорман.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948299—    
1953316+5.7%
1961355+12.3%
1971308−13.2%
1981140−54.5%
ГодинаНас.±%
199154−61.4%
199433−38.9%
20029−72.7%
20216−33.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брчево живееле 300 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бчрево имало 336 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Барчово е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 336 299 316 355 308 140 54 33 9 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Брчево е македонско село.

Родови во селото се, според истражувањата од 1980 година:

  • Староседелци: Стрезовци (3 к.), Ристевци (6 к.), Павлевци (5 к.), Цуцуловци (3 к.), Крстановци (3 к.), Балтовци (2 к.), Брановци (1 к.), Караџовци (1 к.) и Вељановци (1 к.)
  • Доселеници: Димовци (3 к.) доселени се од Дебарско; Кленковци или Милошевци (1 к.) доселени се од селото Клење, Голо Брдо (денес во Албанија) од овој род има иселеници во голем број; Марковци или Мечкаровци (3 к.) доселени се од раселеното село Глобочица, го знаат следното родословие: Дончо (жив на 67 г. во 1980 година) Софран-Коте-Нелко-Марко, основачот на родот кој се доселил, Марко имал четири сина, од кои двајца останале во Глобочица, а со другите дошол во денешното село.[11]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староседелци: Стрезовци (6 к.), Павлевци (7 к.) и Брановци или Николовци (5 к.) Николовци се викаат поради призетениот предок кој дошол од селото Модрич во Дримкол.
  • Со непознато потекло: Вељановци (3 к.) и Караџовци (2 к.)
  • Доселеници: Балтовци (4 к.) доселени се од раселеното село Дедено кај Глобочица; Ѓорговци (1 к.) и они се доселени од истото место како и претходниот род; Ристовци или Цуцуловци (16 к.) доселени се од Косоврасти кај Дебар, поради крв; Крстановци (4 к.) доселени се од некое село во Гора кај Призрен во Косово; Милошовци или Кленковци (2 к.) доселени се од селото Клење во Голо Брдо, Албанија; Мечкаровци или Марковци (4 к.) доселени се од селото Глобочица.[12]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Брчево цело време давало иселеници. Има иселеници во Струга, Битола и Белград. Селаните кажувале дека Брчево има дадено повеќе иселеници, отколку што има жители во селото. Иселеници има и во некои околни села. Во Ложани се иселени Савевци (1 к.). Во Мороишта се иселени Брчевци (8 к.), а во Мислешево исто така Брчевци (8 к.).[11]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

  • Од Стрезовци иселеници има во: Белград (шест семејства од 1926 година).
  • Од Павлевци иселеници има во: Цапари (едно семејство од 1878 година), неко— село кај Петрич (едно семејство од 1888 година), Белград (едно семејство од 1945 година) и во Скопје (едно семејство од 1945 година).
  • Од Вељановци иселеници има во: околината на Бачка (едно семејство од 1926 година) и во Земун (едно семејство од 1939 година).
  • Од Караџовци иселеници има во: Белград (три семејства од 1945 година).
  • Од Балтовци иселеници има во: Скопје (едно семејство од 1945 година).
  • Од Ѓорговци иселеници има во: Лерин (едно семејство од 1888 година).
  • Од Ристовци иселеници има во: Осиек (две семејства од 1898 година), Загреб (едно семејство од 1898 година) и во Крајова (две семејства од 1900 година).
  • Од Мечкаровци иселеници има во: Софија (едно семејство од 1928 година) и во Белград (две семејства од 1945 година).[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 184-185.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
  12. 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Брчево. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
  13. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
  14. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  15. 15,0 15,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]