Долно Гратче

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Долно Градче)
Скокни на: содржини, барај

Долно Гратче е поранешно село во Општина Кочани.

Долно Гратче
Долно Гратче во рамките на Македонија
Долно Гратче
Долно Гратче (Македонија)
Општина Општина Кочани
Географски регион  
Население   
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина 467 м m
Селска слава  


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Селото во времето на неговото постоење се наоѓало на дното на денешното вештачко езеро Градче. Имало идеална местоположба, бидејќи низ селото минувале две реки, Голема и Мала, а околината и ден денес изобилува со над 30 природни извори на вода. На течението на Мала река, непосредно пред влезот во селото, се наоѓа мал водопад со висина од околу 4 метри.

[уреди] Историja

Селото Долно Градче постоело се до 1958 година, кога тогашните власти за да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговијата решиле да направат брана. Токму местото Рамна карпа под селото било најпогодно за изградба на ваква акомулација. Затоа, сите жители на Долно Градче биле раселени, од кои дел отишле во Горно Градче, дел во Јастребник, а дел во Кочани и надвор од Македонија.

Денес, над акомулацијата Градче се наоѓа археолошко наоѓалиште на кое сѐ уште се работи, а за чии градби се верува дека водат потекло од времето на Пајонија и Македонија во времето на Филип Втори.

[уреди] Демографија

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

На мостот на брана Градче постои споменик-плоча во чест на изградбата на браната. Постојат и други интересни знаменитости, како изворот на Боро лимонадџијата, кој пред 30 години речиси секоја ноќ во летните денови одел до Царев врв за набавка на снег за ладење на лимонадата. Токму тој ја има изградено чешмата на овој извор, на кој и ден денес пишува „Боро лимонадџијата“.

Исто така интересен е и Големиот водопад, кој настанал на многу интересен начин. Во 1958 година била изградена т.н. помошна брана од камени блокови, чија функција била да спречи нагло напливање на вода кон Рамна скала, каде што се градела денешната брана. Со текот на годините од надојдените гранки, камења и земја, помошната брана започнала да се полни со почва, за денес, 50 години подоцна, да се создаде прекрасен водопад, висок 20тина метри, чија вода паѓа во мало езерце од кое се излева Голема река. На местото каде што се излева Голема река од езерцето има паднато стебло, кое го поврзува едниот со другиот брег.

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици