Лешница (Кичевско)

Координати: 41°34′17″N 20°54′33″E / 41.57139° СГШ; 20.90917° ИГД / 41.57139; 20.90917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лешница
Лешница во рамките на Македонија
Лешница
Местоположба на Лешница во Македонија
Лешница на карта

Карта

Координати 41°34′17″N 20°54′33″E / 41.57139° СГШ; 20.90917° ИГД / 41.57139; 20.90917
Општина  Кичево
Население 95 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 12041
Надм. вис. 820 м
Лешница на општинската карта

Атарот на Лешница во рамките на општината
Лешница на Ризницата

[2]Лешница — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лешница се наоѓа во областа Горно Кичево, на источните падини на Бистра, оддалечено 11 килиметри североисточно од Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948264—    
1953290+9.8%
1961302+4.1%
1971320+6.0%
1981282−11.9%
ГодинаНас.±%
199168−75.9%
1994178+161.8%
2002219+23.0%
202195−56.6%

Според податоците од 1873 година, во Лешница имали 8 домаќинства со 95 жители христијани (Македонци).[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешница живееле 245 жители, од кои 170 Македонци и 75 Албанци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лешница се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Албанци.[6]

Според пописот од 2002 година, во Лешница живееле 219 жители, од кои 37 Македонци и 182 Албанци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 95 жители, од кои 20 Македонци, 70 Албанци и 5 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 264
1953 131 158 1 ... 290
1961 131 171 ... ... ... 302
1971 121 199 ... ... 320
1981 100 168 4 ... 282
1991 66 2 ... 68
1994 51 125 2 ... 178
2002 37 182 219
2021 20 70 5 95

Родови[уреди | уреди извор]

Лешница е македонско-албанско село.

  • Македонски родови во селото се: Чуљевци (9 к.) куќите им се во горно маало, они се најстариот селски род. Возможно е да се староседелци; Боздевци (7 к.), Миајлевци (4 к.) и Петревци (1 к.) куќите им се во средно маало, овие родови потекнуваат од предци кои се доселени. Родот Боздевци е доселен од некое село во областа Матија (во Албанија), доселени се како каури пред Албанците, Миајлевци се доселени од торбешкото село Бачишта, а за потеклото на родот Петревци не се знае ништо.
  • Албански родови во селото се: Исљамовци (12 к.) и Садуловци (12 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од областа Матија. Тука се оженил за Македонка православна, и од тој брак потекнуваат родовите. Куќите им се во долно маало. Лешничките Албанци често се женеле со Македонки. Пред крајот на турското владеење они грабнале три Македонки. После Првата светска војна две наши девојки доброволно се земале за Албанци.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 175 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Личности родени во Лешница:

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.255.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-30.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]