Гајре

Координати: 42°0′44″N 20°56′39″E / 42.01222° СГШ; 20.94417° ИГД / 42.01222; 20.94417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гајре
Гајре во рамките на Македонија
Гајре
Местоположба на Гајре во Македонија
Гајре на карта

Карта

Координати 42°0′44″N 20°56′39″E / 42.01222° СГШ; 20.94417° ИГД / 42.01222; 20.94417
Општина Тетово
Население 633 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28013
Надм. вис. 700 м
Гајре на општинската карта

Атарот на Гајре во рамките на општината
Гајре на Ризницата

Гајре — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 3 километри северозападно од градот Тетово. Куќите се издигаат на надморска височина од 700 метри, па и повисоко. Атарот зафаќа простор од 7,3 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

На 5 јуни 2001 во близина на Гајре, на патот Тетово-Попова Шапка, албанските терористи од заседа убиле петмина припадници на Армијата на Република Македонија. При престрелката биле повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948732—    
1953766+4.6%
1961774+1.0%
1971804+3.9%
1981729−9.3%
ГодинаНас.±%
19913−99.6%
1994802+26633.3%
20021.020+27.2%
2021633−37.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гајре живееле 85 жители, сите Албанци.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Гајре — село во Селечка општина со центар во Шипковица и има 110 куќи со 548 жители, сите Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.020 жители, од кои 1.009 Албанци, 6 Македонци, 1 Србин и 4 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 633 жители, од кои 607 Албанци, 1 останат и 25 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 732 766 774 804 729 3 802 1.020 633
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови:[уреди | уреди извор]

Најстарите албански родови во селото се Данчове (16 куќи) и Кутине (11 куќи). Потекнуваат од племето Красниќ, во северна Албанија, а се доселиле кон крајот на XVIII век.[12]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Кутице (11 к.), Ѓермазе (11 к.) и Шике (14 к.) доселени се во различен период од северна Албанија, не знаат точно од кое место. Во последниот род се знае следното родословие: Ресим (жив на 40 г. во 1947 година) Џемаил-Сејди-Саид-Беадин-Алим-Беџед, кој се доселил. Од последниот род има иселеници во Тетово (едно семејство); Данчове (16 к.) потекнуваат од фисот Красниќи, доселени се од северна Албанија. Се доселиле пред повеќе од 200 години. Имаат иселеници во Тетово и Голема Речица; Аљијалар и Веље (44 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија. Доселени се во исто време кога и претходниот род. Имаат иселеници во Тетово (десет семејства) и во Голема Речица; Касе (17 к.) доселени се од околината на Пешкокеја од областа Долен Дебар, северна Албанија. Овде се доселени кон крајот на XVIII век. Имаат иселеници во Романија (две семејства) и во Тетово (едно семејство).[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2084 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 743 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени
Починати

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр. 65
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 213.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  13. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. 16,0 16,1 16,2 8 години од загинувањето на бранителите кај Гајре, Телма ТВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]