Присовјани

Координати: 41°19′50″N 20°41′3″E / 41.33056° СГШ; 20.68417° ИГД / 41.33056; 20.68417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Присовјани
Присовјани во рамките на Македонија
Присовјани
Местоположба на Присовјани во Македонија
Присовјани на карта

Карта

Координати 41°19′50″N 20°41′3″E / 41.33056° СГШ; 20.68417° ИГД / 41.33056; 20.68417
Регион Малесија
Општина Струга
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 26042
Надм. вис. 1053 м
Присовјани на општинската карта

Атарот на Присовјани во рамките на општината
Присовјани на Ризницата

Присовјани — село во Општина Струга, во областа Малесија, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Малесија, во западните падини на планината Караорман. Оддалечено е 23 километри северно од Струга.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња. Распаѓе, Гола, Краста, Фурка, Рамни Камен, Горни Ливаѓе, Рамна Ливада, и др.[2]

Соседни села на Присовјани се. Мислодежда и Брчево од југ. Глобочица од исток, Црвена Вода и Песочани од запад, Збажди од север.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948382—    
1953350−8.4%
1961288−17.7%
1971222−22.9%
198133−85.1%
ГодинаНас.±%
199119−42.4%
199413−31.6%
200211−15.4%
20213−72.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Присовјани живееле 800 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Присовјани имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Присони е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 11 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите 3 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 480 480 382 350 288 222 33 19 13 11 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Присовјани е чисто македонско село.

Според истражувањата во периодот од 1948 до 1950 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Грковци (39 к.) се делат на Треновци, Трајковци, Спасевци, Марковци, Мојсовци, Неловци, Кузмановци, Вељановци, Таневци, Ристовци, Петковци и Симоновци. Потекнуваат од предокот Никола кој се доселил од некое место во Тракија. Во старото место бил заробен од турски бег и донесен овде. Овде се оженил со некоја девојка од Дримкол, или од селото Елевци и така го основал родот. Времето кога е доселен основачот на родот е во XVIII век; Шуминовци (22 к.) се делат на Петковци, Котевци, Лечовци, Ќитовци, Иловци, Трпчевци и Милошовци. Потекнуваат од предокот Митре кој бил исто така заробен од турски бег и донесен во селото. Тој бил однекаде од Шумадија во Србија. Овде се оженил со девојка од селото Тучепи во Голо Брдо и така го основал родот; Петревци (2 к.), Чукевци или Стрезовци (1 к.) и Митревци (1 к.) за ови три рода присовјанци велат дека се посебни родови. Митревци се доселени од сега раселеното село Славила кај Селци. А другите два рода се со непознато потекло.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Галерија од фотографии на Присовјани

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“.
Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите се знае за следните иселеници до 1950-тите.

  • Од Грковци се иселени во: Софија (четири семејства од 1895 година), Австрија (четири семејства од 1906 година), Унгарија (две семејства од 1908 година), Чешка (две семејства од 1908 година), Грко Поле (од 1918 година, таму познати како Малесорци или Ристовци), Охрид (осум семејства од периодот помеѓу 1920 и 1923 година), Белград (две семејства од 1921 година), Скопје (две семејства од 1923 година), Пожаревац (едно семејство од 1933 година), Збажди (на имот на роднина од 1946 година) и во Битола (едно семејство од 1946 година).
  • Савевци (биле посебен род) се иселиле во: Јабука (едно семејство од 1946 година, двајца браќа).
  • Петревци се иселени во: Струга (едно семејство од 1946 година).
  • Чукевци се иселени во: Нови Сад (две семејства од 1936 година).
  • Шуминовци се иселени во: Белград (две семејства од 1880 година), Нови Сад (едно семејство од 1890 година), Германија (три семејства од пред 1903 година, во Лајпциг и Ерфурт), Софија (три семејства од после 1903 година), и во Мороишта (од 1925 и 1948 година, познати како Трпчевци).

Вељановци се иселиле во Безово во Дебарски Дримкол. Во Присовјани припаѓале на родот Грковци.[2]

Денес селото е пред целосно изумирање. Иселувањата продолжиле и после 1950та година. Воглавно во блиските градови Охрид и Струга.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Русиќ, Бранислав (1953). Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 397, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]