Стење

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стење
Lago di Prespa, Macedonia.jpg

Преспанското Езеро и селото Стење на неговиот брег (десно)

Стење се наоѓа во Македонија
Стење
Стење (Македонија)
Координати 40°56′01″ СГШ 20°55′00″ ИГД / 
Регион Горна Преспа
Општина Општина Ресен
Население 438
Надморска височина 855
Flag of Macedonia.svg Портал:Македонија Flag of Macedonia.svg

Стење е село во Општина Ресен.

Содржина

Географиja и местоположба [уреди]

Плажа во Стење

На западниот брег на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Галичица на надморска височина од 855 метри, на самата граница со Република Албанија, се наоѓа селото Стење. Селото Стење се наоѓа на 23 километри западно од централното градско подрачје на Ресен. Бидејќи селото важи за туристичко место, на самиот влез на селото е поставена и табла на која се испишани информации за природните и културните убавини на селото, Преспа и Преспанското Езеро и за островот Голем Град. Во заливот Лиса има панорамски поглед на езерото.

Историja [уреди]

Самите стенчани сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација.

Демографија [уреди]

Според пописот од 2002 година селото има 438 жители, сите Македонци.[1]

Економија и туризам [уреди]

Жителите на Стење се занимаваат со земјоделство, одгледуваат јаболка, најчесто од сортите ајдарес и златен делишес. Десеттина стенчани се занимаваат со риболов. Преспанско Езеро е богато со белвици, крапови тешки и до 20 килограми, а поретко има јагули и сомови.

Во близина на заливот се наоѓа и село Коњско, последно од македонска страна сместено на тромеѓето. Покрај селските куќи, кои се руинирани, има и колиби од ендемичното дрво фоја. По десетминутно возење со чамец од Коњско може да се стаса до островот Голем Град. На островот живеат стотици змии, кои според легендите го чуваат богатството на цар Самоил. По друга легенда змиите се собираат бидејќи Голем Град е единствено место на кое можат да живеат без да им пречи човекот.

Културни и природни знаменитости [уреди]

Преспанското Езеро во Стење

Неколку километри од Стење, во карпите високи три метри гостите можат да ја видат фреската на света Петка. Селаните велат дека фреската е таму откако памтат за себе, а според легендите, ја поставил рибар што се спасил од бура. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала. На тоа место поставил икона на светицата што го спасила. Стење преставува природна и културна ризница на Преспа со голем број на цркви и археолошки наоѓалишта. Меѓу нив се:

  • Кула – средновековна тврдина,
  • Лозјата – населба од неолитското време,
  • Певчиња – населба и некропола од римско време,
  • Четкарица – населба од доцноантичкото време и Трафостаница средновековна некропола.

Од црквите најпознати се: Св. Атанас од 16 век и манастирската црква Св. Илија. Селото Стење на секој посетител му ги нуди своите благодети, убавата клима, езеро поволно за капење и риболов, убава песочна плажа, питома и убава околина погодна за прошетки и секако гостопримливи домаќини.

Култура и спорт [уреди]

Стење е село од собран тип, со околу 130 домаќинства и околу 260 обновени или новоизградени куќи, од кои 100 се викендици, речиси сите на приземје и кат. На куќите преовлавуваат белите фасади кои му даваат белег на туристичка наслеба.

  • ФК Стење, оформен 1971/1972 година под името Граничар.

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]