Локов

Координати: 41°21′57″N 20°38′53″E / 41.36583° СГШ; 20.64806° ИГД / 41.36583; 20.64806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Локов

Поглед кон селото од ридот над него, а во позадина се гледа планината Караорман

Локов во рамките на Македонија
Локов
Местоположба на Локов во Македонија
Локов на карта

Карта

Координати 41°21′57″N 20°38′53″E / 41.36583° СГШ; 20.64806° ИГД / 41.36583; 20.64806
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Малесија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6338
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26021
Надм. вис. 1.325 м
Локов на општинската карта

Атарот на Локов во рамките на општината
Локов на Ризницата

Локов — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото Локов

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните падини на планината Караорман, а чиј атар се допира со вештачкото езеро Глобочица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.325 метри.[2]

Селото Локов се наоѓа на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Сместен е во центарот на областа Малесија помеѓу градовите Струга и Дебар и се простира на висорамнина од 1.360 метри надморска висина.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградба на привремена црква „Св. Петка“ во селото по неговото опожарување во 1903 година

Во текот на Втората светска војна, на 26 јули 1943 година, бил создаден малесискиот партизански одред. На 8 јуни 1944 година, по извршената реорганизација на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада се создала првата Македонска народноослободителна ударна бригада.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948191—    
1953223+16.8%
196161−72.6%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
19914—    
19940−100.0%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства и 75 жители мажи.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Локов имало 320 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Локов имало 320 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Локуф (Локва) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Селото е целосно раселено по 1961 година, кога што броело 61 жител, македонско население.[2]

Процесот на миграцијата бил најголем во периодот помеѓу 1945 и 1946 година, кога голем број семејства се иселиле во Војводина, во околината на Прилеп (во Ново Лагово) и во градот Струга. Селото целосно опустело во 1965 година, кога со полнењето на вештачкото езеро Глобочица бил потопен единствениот пат кој го поврзувал селото Локов со градовите Струга и Дебар.

Според пописот од 2002 година, во селото Локов немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 320 191 223 61 0 0 4 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Локов во минатото било чисто македонско православно село, додека денес е целосно раселено. Сите родови во селото биле доселени.[13]

Стари родови на кои не им се знае местото на старина се: Шукревци (4 к.); Петковци со Неделковци и Ристовци (5 к.) се еден род; Митревци (1 к.), некој нивен предок бил „војвода“ и побратим со Турците во Коџаџик, па им ја предал тамошната тврдина, поради што народот ги проколнувал да немаат повеќе од 3 куќи; Блажевци со Ѓоргијовци, Танчевци, Близнаковци или Петревци, Глигуровци и иселените Милевци (13 к.) се еден род; Беќаровци со Димовци (4 к.) и Јовчевци со Србиновци и Блажевци (1 к.).

Родови доселени со позната старина: Стојковци (11 к.), доселени се од селото Шипиница во Долен Дебар (денес во Албанија) и Казимоски Љушо (1 к.), Ром, ковач доселен во 1948 година од селото Мислодежда.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Населението на Локов многу се иселувало. Со што денес селото е целосно раселено.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште, денес спомен-дом за основањето на Македонската народноослободителна ударна бригада

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на селото со селската црква „Св. Спас“ и крстот

Во XIX век, Локов било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Локов, се наоѓале и селата Богојца, Брчево, Глобочица, Збажди, Мислодежда, Поум, Присовјани и ’Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Локов било седиште на некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Панорама на споменикот од НОБ во селото и селската чешма.
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Споменици
  • Споменик во чест на НОБ во самото село
  • Споменик во чест на НОБ помеѓу селата Локов и Буринец

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Локов

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои спомен-дом на првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-домот е поставен на местото на некогашното основно училиште „Наце Николоски“, кое функционирало од 1945 до 1962 година.

Локов како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на зима)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[22]
  • „Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит, Фичо да спијат)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[22]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 182. Посетено на 27 октомври 2018.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 октомври 2018.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав (1953). Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 октомври 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 27 октомври 2018.
  16. „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 27 октомври 2018.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. 22,0 22,1 Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]